Подготвено е: Следното ажурирање на софтвер за вашиот ID. модел
Со ID. софтвер 3.0 Volkswagen ви обезбедува нови карактеристики и подобрувања бесплатно. Многу од овие подобрувања се засноваат на повратните информации и идеите на клиентите.
Дали вашиот ID веќе ја доби новата батерија од 12 волти и ID. софтвер 2.4 од вашиот партнер на Volkswagen? Значи, сега сте подготвени да го примите следното големо ажурирање, ID. софтвер 3.0.
Не е можно ресетирање на претходните верзии на софтверот.
Едно ажурирање, два дела
Ажурирањето на ID софтвер 3.0 се состои од два дела. За да ги добиете целосните придобивки од ID. софтверот 3.0 ве молиме инсталирајте ги дел 1 и дел 2 од ажурирањето. Со безжичното ажурирање можете да го ажурирате вашиот ID. во период кога вам ви одговара. Исто така, внимателно прочитајте ги упатствата дадени во "Release Notes" (Забелешки за издавање) за секој дел од ажурирањето - тие се прикажани во инфо-забавниот систем на ID.
Дали вашиот ID. е во "Online mode" (олајн режим)?
Дали "Online mode" (олајн режим) значи дека се испраќаат податоци за мојата локација?
ID. софтвер 3.0 – на прв поглед
Тука ќе најдете преглед на она што е ажурирано со ID. софтвер 3.0* и како да се изврши ажурирањето. До деталните информации и филмовите со упатства може да се пристапи со користење на дадената врска (линк) под секој дел.
Што се ажурира со 3.0?
Овде ќе најдете детални информации, фотографии и филмови со упатства за тоа што содржи ажурирањето на софтверот.
Како можам да го инсталирам ажурирањето 3.0?
Овде ќе најдете детални инструкции чекор-по-чекор за тоа како да ги инсталирате дел 1 и дел 2 од ажурирањето 3.0.
Дали имате прашања за ажурирањето?
Ако имате прашања во врска со ажурирањето, погледнете го делот за често поставувани прашања.
ID. софтвер 3.0 – што е ажурирано?
-
Капацитет на полнење
-
Реструктуирано мени за полнење
-
Режим за нега на батеријата
-
Планер за e-рута во системот за навигација**
-
Ресетирање на пресметувањето на досегот
-
Технологија Vehicle2X (V2X)
-
Приватност во управувањето со корисници
- Навигација специфична за коловозната лента
- Онлајн пребарување на точка од интерес во системот за навигација
-
Подобрување на Head-up дисплејот со зголемена реалност
-
Подобрувања на ID. Light
-
Управување со корисници
-
Говорно управување и онлајн говорно управување
- In-Car апликација Подобрување на We Charge
- In-Car апликација "Games" (игри)***
- We Connect ID. апликација - позиција за паркирање
- We Connect ID. апликација - статус на возилото
- We Connect ID. апликација - информации за температура
Што содржи ID. софтверот 3.0?
Безжичното ажурирање на ID. софтверот 3.0 носи многу бесплатни поволности. За повеќе информации за ажурирањето, кликнете на линковите подолу:
Повеќе за оптимизираното полнење и
управување со енергијата
Повеќе за подобрената
навигација
Повеќе за комфорот
Повеќе за говорното
управување
Повеќе за мобилните онлајн
услуги
Оптимизирано полнење и управување со енергија
Заштеда на време со пократки застанувања за полнење.
Со ID. софтвер 3.0, перформансите за полнење на батеријата со висок напон се подобруваат и се постигнува заштеда на време.
Со ID. софтвер 3.0, перформансите за полнење на батеријата со висок напон се подобруваат и се постигнува заштеда на време.
Функција која помага да се постигне подолг работен век на батеријата.
"Battery Care Mode" (режим за нега за батеријата) е функција за полнење за оптимизирање на работниот век на високонапонската батерија во вашиот ID. Ако "Battery Care Mode" (режимот за нега за батеријата) е активиран, горната граница на полнење е поставена на 80%. Тоа ја штити батеријата. "Battery Care Mode" (режимот за нега за батеријата) може да се премости ако е потребно (на пр. за време на процес на итно полнење). За користење на тајмерот за полнење, горната граница за полнење може трајно да се постави на 100%.
Со ID. софтвер 3.0, новиот планер на e-рута во системот за навигација на ID. семејството автоматски ги планира потребните паузи за полнење во текот на навигациската рута и автоматски ги прилагодува доколку е потребно.
Со новото ажурирање, алгоритамот на рутата е подобрен. Добивате и нови опции за поставки за вашите лични преференци. Дополнително, ажурираниот планер на e-рута нуди поинтуитивни и појасни прикази, како и можност за пребарување на станици за полнење користејќи филтри како што се статусот на достапноста на станицата за полнење и можноста за плаќање со We Charge.
Со ажурирањето на ID. софтверот 3.0, при ресетирање на долгорочните податоци за возење, се ресетира и пресметката на досегот, така што ќе се прикаже вредност слична на каталошката вредност.
Откако ќе го изберете копчето за ресетирање, ќе се ресетираат регистрираните податоци за минатата потрошувачка од пресметката на досегот и податоците за долгорочно возење.
Подобрување на текот на сообраќајот: V2X технологија
Со ID. софтвер 3.0, инфо-забавниот систем е ажуриран за да овозможи подобрен пристап до поставките за приватност за V2X технологијата.
Повеќе информации за V2X: Локалното предупредување за опасност со користење на технологијата V2X им овозможува на возилата директно да комуницираат меѓу себе и со околината. Локалното предупредување за опасност ве предупредува, на пример, за местата на дефект, крајот на сообраќајниот метеж, локациите за градежни и сообраќајни незгоди, специјални возила и итни ситуации со возилата пред вас. V2X може да се искуси само ако го активирате во поставките на возилото. Кога ќе се активира, вашиот ID. исто така добива и испраќа информации до други учесници на V2X.
Не е потребен важечки договор We Connect или корисничка сметка на Volkswagen ID.
Технологија Vehicle2X (V2X) – Предупредување за опасност на локалните патишта
Приватност во управувањето со корисници
Подобрено поставување на менито за поставки за приватност
Со ова ажурирање на софтверот, имате можност да го видите моменталниот статус на приватност, да ги отворите поставките за приватност и да прегледате детален информативен текст за секоја од поставките - и сето тоа преку контролниот центар. Корисникот може да ги персонализира своите поставки во инфо-забавниот систем и - под услов корисникот да е најавен во возилото - исто така да ги зачува.
Анонимните гости корисници исто така можат да изберат "Online mode" (онлајн режим) или "Offline mode" (офлајн режим) (со или без податоци за локација) на екранот за добредојде.
Одлучете сами кои податоци сакате да ги испратите или споделите. Сите онлајн услуги што не се совпаѓаат со вашите поставки за приватност ќе бидат оневозможени во возилото. Дополнително, главниот корисник и корисниците гости можат да ги деактивираат услугите на возилата што не треба да обработуваат лични податоци преку листата со производи во апликацијата myVolkswagen или во прелистувачот преку myVolkswagen - ова осигурува дека само соодветната услуга во возилото ја спречува комуникацијата (освен за законски потребните функции како што е eCall).
Подобрена навигација
Навигација специфична за коловозната лента
Функцијата за навигација специфична за коловозната лента ви овозможува да совладате дури и сложени ситуации на автопатите кога е активно водењето на рута. За да го направите ова, системот автоматски се префрла на приказ лента-по-лента во близина на раскрсниците и излезите на автопатот, во кој добивате насоки за потребната промена на лентата. Оваа функција е дел од системот за навигација. Ова е достапно во опционалниот инфо-забавен пакет.
Потребен е важечки договор We Connect Plus и корисничка сметка на Volkswagen ID за онлајн компонентите на системот за навигација.
Онлајн пребарување на точка од интерес во системот за навигација
Со услугата "Online Point of Interest search" (онлајн пребарување на точка на интерес), навигациското пребарување во возилото се надополнува со онлајн функција. Ова користи обемна онлајн база на податоци и оптимизиран пребарувач. Ова резултира со побрзи, попрецизни и подобро подредени резултати од пребарувањето. Потребни се важечки договор We Connect Plus и корисничка сметка на Volkswagen ID.
Комфор
Во ID. семејството можете да внимавате на она што е важно.
Опционалниот Head-up дисплеј со зголемена реалност може да ви покаже витални информации директно во вашето видно поле. Благодарение на технологијата за проширена реалност (AR), можете да ги видите насоките за навигација за патот по кој возите или каде што треба да свртите директно на патот. Тоа ви помага да стигнете до вашата дестинација на порелаксиран начин. Со ID. софтверот 3.0, AR Head-up дисплејот ќе се прошири за да вклучи дополнителни индикации во областа на долги растојанија, како што е предупредување за нивото на наполнетост на батеријата (SOC), како и подобрени информации за насоката и информации за растојанието од опционалниот систем за навигација.
Подобрени информации. Подобра контрола.
ID. Light, стандардна карактеристика во сите ID модели на Volkswagen, е светлосна линија на долниот крај на ветробранското стакло. ID. Light ви обезбедува дополнителни визуелно прикажани информации.
Volkswagen ID и управувањето со корисници овозможуваат повеќе корисници да се најават во едно возило.
За ID. семејните возила, претходно имаше две улоги: примарен корисник и анонимен гостин. Со ажурирањето на ID. софтверот 3.0 сега има дополнителна улога на гостин корисник.
Потребна е корисничка сметка Volkswagen ID.
Слушајте ги вашите омилени станици во движење: со интернет радио, радио станиците може да се примаат онлајн и да се емитуваат објави.
Со оваа верзија на софтверот, сега е вклучен и обемот на податоци.
Потребни се важечки договор We Connect Plus и корисничка сметка на Volkswagen ID.
Вашиот ID. ве разбира подобро
За да може вашиот автомобил да ве разбере и уште подобро да комуницира со вас со говорното управување, Volkswagen го подобри гласовниот влез и излез. Брзината на одговор на говорното управување реагира побрзо, а квалитетот на одговорите исто така се зголемува во споредба со последната верзија на софтверот. За да го натерате вашиот автомобил да ве разбере и да комуницира со вас уште подобро.
Говорно управување и онлајн говорно управување
Благодарение на говорното управување со онлајн функциите, со вашиот природен глас* може да се контролира широк опсег на функции на инфо-забавниот систем и функции на возилото. Со ова, ID. може да разбере слободно формулирани и повеќе разговорни прашања и артикулации. Интеракцијата започнува со фразата за будење "Hello ID." (Здраво ID). или со употреба на копчето на воланот. Со ова ажурирање, брзината на реакцијата на говорното управување станува побрза и наредбите се разбираат посигурно.
За онлајн функциите на говорното управување се потребни валиден договор We Connect Plus и корисничка сметка на Volkswagen ID.
In-Car апликации и функции
In-Car апликацијата "We Charge" ви помага при полнењето. We Charge може да ви помогне да најдете станици за полнење на мапата околу вашата моментална локација или на вашата дестинација, а потоа да започне да ве води до таму.
Со ова ажурирање, апликацијата In-Car ви овозможува да додадете функционалност како што се статистика за користење станица за полнење, напредни опции за филтрирање и прикажување точка од интерес во околината.
Ова ажурирање му овозможува на корисникот на апликацијата во автомобилот да дава повратни информации за станиците за полнење во форма на оцена со ѕвезди и да пријавува проблеми. Понатаму, корисниците може да ги видат просечните оценки за ѕвезди, како и пријавените и потврдените проблеми (на пр. дефекти) за станиците за полнење.
Со апликацијата "Games" (игри) во автомобилот повеќе нема причина за здодевност за време на чекањето, како на пример додека полните, бидејќи In-Car апликацијата ви нуди вам и на вашиот патник разновидни забавни игри.
Преку екранот на вашиот инфо-забавен систем, можете да играте пасијанс, шах, да пребарувате слики, зборови или новата игра "VW Go".
Потребна е корисничка сметка на Volkswagen ID и примарен корисник со важечки договор We Connect за да се преземе апликацијата од In-Car продавницата. In-Car апликацијата "Games" (игри) не е претходно инсталирана и може да се купи во In-Car продавницата за 0,00 евра.
Повеќе за мобилните онлајн услуги
Во моментов го користите We Connect Start со вашиот ID. модел. Со ова ажурирање сега имате опција да ја добивате следната генерација на мобилни онлајн услуги бесплатно, составени од два пакети: We Connect и We Connect Plus.
We Connect вклучува дополнителни услуги поврзани со возилото, како што се статусот на вратите и светлата, и има неограничено времетраење.
We Connect Plus го вклучува, меѓу другото, новото онлајн пребарување на интересни точки за навигација, а Volkswagen ги покрива и трошоците за податоци за интернет радио. We Connect Plus може да се продолжи со плаќање по почетниот период.
Имплементација
Најпрво, проверете дали имате активен договор за започнување на We Connect Start.
Потребен е активен We Connect Start* договор за да можете да ги добиете поволностите од Volkswagen мобилните онлајн услуги. Овие услуги се бесплатни за користење.
Ако веќе имате активен договор We Connect Start и инсталирана We Connect ID. апликација на вашиот паметен телефон, можете да го прескокнете следниот чекор
1. Преземете ја бесплатно We Connect ID. апликацијата на вашиот паметен телефон. Во зависност од вашиот оперативен систем, можете да ја најдете апликацијата We Connect ID. за Android или iOS во App Store или Google Play Store.
2. Најавете се во апликацијата со вашиот Volkswagen ID и додајте го вашето возило.
3. Активирајте го вашиот We Connect Start договор. За да го сторите тоа, следете ги инструкциите во апликацијата.
Како можам да го инсталирам ID. софтвер 3.0?
Ажурирањата се извршени во два дела. За да ги добиете целосните придобивки од ID. софтверот 3.0 важно е да ги инсталирате дел 1 и дел 2 од ажурирањето.
Со ажурирањето на ID. софтверот 3.0 сега е можно да се додадат дополнителни корисници и да се префрлате помеѓу главниот и другите корисници. По инсталирањето на дел 1 од ажурирањето, ќе бидете одјавени од возилото. Најавувањето во инфо-забавниот систем како "главен корисник" е неопходно за користење на мобилните онлајн услуги.
Преглед на процесот: Ажурирање на ID. софтвер 3.0
За да добиете безжично ID. софтвер 3.0, ве молиме активирајте го "Online mode" (онлајн режимот) во вашето возило. Со вашето возило во "Online mode" (онлајн режим), достапните ажурирања се преземаат во позадина додека возите. Вашиот ID. ќе ве информира во инфо-забавниот систем веднаш штом ID. софтверот 3.0 ќе биде достапен за инсталирање. За да го инсталирате ажурирањето, следете ги овие чекори:
1. Дел 1 од инсталирањето - времетраење приближно 6-8 часа (по инсталирањето на дел 1 потребно е најавување како главен корисник во инфо-забавниот систем).
2. Дел 2 од инсталирањето - времетраење приближно 4-5 часа
Добивањето на дел 2 од ажурирањето може да потрае од седум дена до неколку недели следејќи го инсталирањето на дел 1.
Ве молиме имајте предвид:
- За време на безжичното инсталирање ажурирања, можете да го отворите вашиот ID., но истиот не може да се полни или стартува.
- Онлајн говорно управување: По инсталирањето на дел 1 од безжичното ажурирање, онлајн говорното управување привремено ќе биде достапно само на англиски и германски јазик. По инсталирањето на дел 2 од безжичното ажурирање, јазиците достапни пред ажурирањето повторно ќе бидат достапни.
- Со инсталирање на ID. софтвер 3.0 некои од вашите лични поставки (на пр. зачувани радио станици, поставки за загревање на седиштата) ќе бидат поставени на стандардното фабричко поставување.
- Не е можно ресетирање на верзиите на софтверот.
Можете да најдете повеќе одговори на најчесто поставуваните прашања за ажурирањето во FAQ делот
Ажурирање на ID. софтвер 3.0 безжично и фабрички инсталирано
Која е разликата?
Со ажурирањата на софтверот, работиме да се осигуриме дека вашиот ID. може да се ажурира дури и по купувањето. Во зависност од времето на производство на вашиот ID., опсегот на некои функции за ажурирање софтвер може да варира. Со ажурирањето на ID. софтверот 3.0 ќе имате корист од многу нови функции и подобрувања.
Ако вашиот ID. веќе има добиено ID. софтвер 2.4 во сервисната работилница и имате важечки договор за We Connect Start и корисничка сметка на Volkswagen ID, вашето возило може да добие безжично ID. софтвер 3.0. Ако вашиот ID. е доставен со ID. софтверот 3.0 кој е веќе инсталиран, секако дека нема да го добиете безжичното ажурирање на ID. софтверот 3.0. Ова е затоа што вашиот ID. има добиено ID. софтвер 3.0 од фабриката (ex works).
Следните табели даваат преглед на функциите достапни за ID. модели со ID. софтвер 3.0 инсталиран преку безжично ажурирање и оние со ID. софтвер 3.0 инсталиран во фабриката.
Повеќе за оптимизираното полнење и
управување со енергијата
Повеќе за подобрената
навигација
Повеќе за комфорот
Повеќе за мобилните онлајн
услуги
Често поставувани прашања
Пред вашиот ID. да може да го прими безжичното ажурирање на софтверот 3.0, прво треба да ја завршите размената на батерии од 12 волти и ажурирањето на ID. софтверот 2.4 во сервисната работилница. Откако оваа сервисна кампања ""12 volt battery exchange with the ID. software 2.4 update" (Замена на батерии од 12 волти со ажурирање на ID. софтвер 2.4) ќе заврши за вашиот ID. кај сервисниот партнер, може да поминат неколку недели додека вашиот ID. го добие ажурирањето, бидејќи го објавуваме ID. софтверот 3.0 чекор-по-чекор.
Ажурирањето се врши во два дела. За да ги добиете сите придобивки од ID. софтверот 3.0 важно е да ги инсталирате дел 1 и дел 2 од ажурирањето штом ќе биде достапно.
Инсталирањето на дел 1 од ажурирањето ќе трае околу 6-8 часа
Инсталирањето на дел 2 од ажурирањето ќе трае околу 4-5 часа
Потребни се најмалку седум дена за вашиот VIN да биде вклучен во кампањата за ажурирање на ID. софтверот 3.0.
Информации за тоа што содржи ажурирањето може да најдете тука во делот Што содржи ID. софтвер 3.0?
Отворете ја ставката од менито "Setup" (поставување) во главното мени на инфо-забавниот систем во вашиот ID. Потоа навигирајте до "System Information" (информации за системот). Верзијата на вашиот ID. софтвер е прикажана во делот "ID. software" (ID. софтвер).
Volkswagen препорачува да ги извршувате претстојните ажурирања на софтверот навремено и редовно. Ова е единствениот начин да имате корист од дополнителните и подобрени функции. Последната достапна верзија на ID. софтверот е секогаш предуслов за примање идни ажурирања.
Да, ажурирањето на ID. софтверот е бесплатно за вас.
Безжичното ажурирање на ID. софтверот 3.0 меѓу другото, содржи и дополнителни функции. Затоа препорачуваме ажурирање на оваа верзија на софтверот што е можно поскоро.
Верзијата на ID. софтверот инсталирана на вашиот ID. е снимена од системот.
Не, ова не ја поништува гаранцијата.
Не, потребна е стабилна интернет врска за време на инсталацијата на софтверот.
Безжичното инсталирање на ова ажурирање е предуслов за добивање дополнителни ажурирања. Ако не го извршите инсталирањето (дел 1 и дел 2), опишаните нови функции и подобрувања нема да бидат достапни. Ако го изведувате само делот 1, на пример, говорното управување ќе биде можно само на англиски и германски јазик. Затоа, дел 2 е исто така неопходен за целосно искористување на функциите во вашиот ID. кои се достапни како резултат на ажурирањето. Не е можно да се ресетираат верзии на софтвер.
Добивањето на дел 2 од ажурирањето може да потрае од седум дена до неколку недели.
Во претходните верзии на софтверот, активирањето на "Online mode" (онлајн режим) во возилото автоматски овозможуваше испраќање или споделување на податоците за локацијата на возилото и податоците за користењето на возилото - без можност за индивидуално избирање на вашите преференции за испраќање или споделување на овие податоци. Со ажурирањето 3.0, сега ќе биде можно да се овозможи "Online mode" (онлајн режим), но потоа поединечно да ги изберете претпочитаните поставки за споделување на податоците генерирани од возилото (податоци за возилото/употребата, податоци за локација, податоци за Vehicle2X) - овозможувајќи вашето возило да остане онлајн и притоа давајќи ви можност сами да одлучите кои податоци сакате да ги испратите или споделите (освен за законски потребните функции како што е eCall). Повеќе информации за (текстуална врска:) поставките за приватност (#privacy) на ажурирањето 3.0 се достапни тука.