Мени
Search
Im Mann mit Smartphone lehnt an einem ID. Buzz
Im Mann mit Smartphone lehnt an einem ID. Buzz

ID. Software 3.1 Update

Со софтверот 3.1, Volkswagen обезбедува нови функции и подобрувања кои може да го подобрат комфорот и да заштедат време при употребата.

Ажурирање на ID. софтверот 3.1

Со ова ажурирање, вашиот ID. модел добива низа нови функции и подобрувања, особено во областа на полнењето, коишто може да ви донесат повисок степен на комфор. Ова за вас е бесплатно. Многу од овие подобрувања се засноваат на повратни информации и барања од клиентите.

3.

3.

Ажурирање на ID. софтверот 3.1

Со ова ажурирање, вашиот ID. модел добива низа нови функции и подобрувања, особено во областа на полнењето, коишто може да ви донесат повисок степен на комфор. Ова за вас е бесплатно. Многу од овие подобрувања се засноваат на повратни информации и барања од клиентите.

Што содржи ID. софтверот 3.1?

Мъж включва захранващия кабел в гнездото за зареждане на ID.4

**Plug & Charge

**

Функцијата "Plug & Charge" сега го олеснува полнењето: доколку сакате, вашиот ID. самиот автоматски врши верификација на јавните станици за полнење и автоматски го започнува процесот на полнење со приклучувањето на кабелот за полнење во автомобилот - без никаква картичка за полнење.

За да ја користите функцијата на соодветна станица за полнење, потребна ви е тарифа за полнење, како на пр. We Charge Go или We Charge Plus од Volkswagen Group Charging GmbH (Elli), која поддржува "Plug & Charge". Откако ќе заврши процесот на полнење, пресметката се врши автоматски според внесената тарифа за полнење. Активирајте го "Plug & Charge" преку апликацијата Volkswagen и во поставувањата за полнењето на вашето возило.

Повеќе за функционалноста

Blick auf das Lenkrad und Infotainment Display eines ID.

Персонализација (надградба)

Понесете ги со себе персонализираните поставувања

Кај возилата што се фабрички испорачани со ID. софтвер 3.0, личните поставувања, на пр. во однос на положбата на седење и температурата, се меморираат во Volkswagen ID корисничката сметка и се активираат при најава на возилото. При промена на корисникот, поставувањата автоматски се преземаат. Овие поставувања сега ги има и во возилата со ID. софтвер 3.1 доколку се најавите таму. Обемот на персонализацијата зависи од различните опционални дополнителни опреми.

Спроведување на ажурирањето

Содржината на ова ажурирање на софтверот е составен дел на ажурирањето на ID. софтверот 3.2. Тоа го спроведува партнер на Volkswagen во сервисна работилница. Понатамошни информации може да добиете на веб-страницата за ажурирањето на ID. софтверот 3.2.

Повеќе за ID. Software 3.2 Update

Дали имате прашања или би сакале да закажете состанок?

Најдете овластена работилница на Volkswagen сега

Користете ја функцијата за пребарување и пронајдете ја најблиската овластена работилница на Volkswagen. Резервирајте состанок со само неколку кликања на глувчето преку телефон или директно онлајн.

Надградба на Head-up дисплејот со проширена реалност

Со новиот софтвер, опционалниот Head-up дисплеј за проширена реалност (Augmented Reality - AR) е надграден за да вклучи анимација за поздравување. Покрај тоа, има дополнителни подобрувања во сигурноста и стабилноста на функцијата.

AR Head-up дисплејот е достапен во опционалниот пакет за инфо-забава "Plus". Обемот на функциите зависи од различните опционални дополнителни опреми, како што се: Travel Assist со збирни податоци и потпомогнато менување коловозна лента, навигациски систем и автоматска контрола на растојанието ACC.

Опционалниот Head-up дисплеј со проширена реалност може да проектира важни информации директно во видното поле на предното стакло. Со технологијата на проширена реалност, навигацијата ја гледате на коловозот токму на она место каде што мора да возите или да свртите. На тој начин, порелаксирано пристигнувате до целта.

Darstellung der Erweiterung des Augmented-Reality-Head-up-Displays