Der neue VW ID.7
Der neue VW ID.7

Новиот ­ID.7

За поголема слобода.

Со новиот, целосно електричен ID.7, Volkswagen одново ги дефинира перформансите на електричната мобилност. Целосно електричната лимузина комбинира долг досег, брзо полнење, голем простор и интуитивно ракување за да стане нов премиум стандард на Volkswagen.

Детали за новиот ID.7

VW ID.7
VW ID.7
VW ID.7 Panoramadach
VW ID.7

Конективност: Дигиталната врска со вашиот ID.7

Понудите за конективност на Volkswagen ви овозможуваат поголем комфор и забава. Поврзувањето на вашиот ID.7 со интернет и со вашиот паметен телефон ви помага порелаксирано да пристигнете до вашата дестинација - вие само треба да возите

Ценовник

Превземете го актуелниот ценовник за ID.7

Сè на нула

Пред нас е најголемиот предизвик во историјата на нашата компанија. Можеби најголемиот во историјата на мобилноста: Преземаме одговорност за нашиот удел во емисиите на CO₂ насекаде низ светот. Тоа е нашиот пат кон нула емисии. А започнува овде.

VW Way to Zero

Други модели кои би можеле да ве интересираат

Говорен асистент

Говорен асистент

Кажете му на вашиот ID. „Здраво!“

При возење, не губете го вниманието на копчиња и прекинувачи. Задржете го вниманието на патот и со леснотија управувајте со значајните функции на вашиот ID. со интуитивното говорно користење на следната генерација. - на пример, радиото, опционалниот систем за навигација или вашиот телефон. Едноставно кажете "Здраво Volkswagen!" - и вашиот дигитален асистент ќе ве разбере. Кажете "Здраво Volkswagen, студени ми се рацете", активирајте го греењето на управувачот и интелигентните отвори на системот за климатизација насочуваат топол воздух кон вашите раце. Во зависност од ситуацијата, вашиот дигитален асистент исто така може да дава предлози за користењето со тоа што ќе ви препорача одредена листа за репродукција или заобиколување застој во сообраќајот.

VW ID.7
VW ID.7
VW Upgrades
  1. Во моментов, онлајн-гласовниот асистент е достапен за следниве јазици: германски, дански, англиски (ВБ и САД), француски, италијански, холандски, норвешки, полски, португалски, шведски, шпански и чешки. За овие јазици, во зависност од верзијата на софтверот на вашето возило, постои и врска со базата на знаење на Wikipedia и со вештачката интелигенција на „ChatGPT“. Напомена: Одговорите на ChatGPT може да варираат, да содржат нецелосни, неточни или нерелевантни информации и може да ги повредат правата на трети страни. Затоа, не потпирајте се на одговорите без да ги проверите со помош на други извори на информации. Исто така, уверете се дека употребата или дистрибуцијата на одговорите, на пр. на социјалните медиуми или на интернет, не ги повредува правата на трети страни (особено авторските права или правата за заштита на податоците).
  2. Јазикот на кој може да комуницирате со гласовниот асистент зависи од јазикот кој е избран во вашиот инфо-забавен систем. Тој е одговорен и за опсегот на функции на гласовниот асистент, кој може да варира во зависност од поставениот јазик. Ако се согласувате со обработката на податоците за вашата локација за онлајн-гласовниот асистент или додадете информации за локацијата кон вашето гласовно барање, ќе добиете и резултати од пребарување засновани на локација. Може да дадете согласност кога го поврзувате вашето возило со вашиот кориснички налог на Volkswagen ID или подоцна, во вашиот кориснички налог на Volkswagen ID или преку следнава врска https://www.myvolkswagen.net/start/en/onlinespeechconsent.html, која е исто така прикажана и во форма на код во инфо-забавниот систем на вашето возило.