Брзо полнење. Возете уште подалеку.
Со новиот ID.7, зависно од капацитетот на батеријата, може да возите на чисто електричен погон до 700 километри****1 и со тоа сте опремени за безмалку секое патување без паузи. На станици за брзо полнење со еднонасочна струја кога надворешната температура е умерена и со моќност на полнење до најмногу 200 kW батеријата може да се наполни од 10 на 80 проценти за околу 25 минути. Набрзо ќе продолжите со возењето, а софистицираното управување со батеријата и аеродинамичниот дизајн може да помогнат да се минимизира потрошувачката.