Откријте го We Connect
Подготвени за следната генерација на мобилни онлајн-услуги преку: од година на модел 2021 година, голем дел од сегашните нови автомобили на Volkswagen се подготвени за We Connect. Вашиот Volkswagen може да биде онлајн со помош на активиран WLAN хот-спот на вашиот паметен телефон и поврзан со инфо-забавниот систем на возилото. Во исто време, можете да го поврзете вашиот паметен телефон со вашиот Volkswagen со апликацијата "We Connect" и на тој начин да имате пристап до одредени функции на возилото и статусот на возилото. Откријте ги понудите за поврзување на We Connect.
Пристигнете порелаксирани
Информирајте се за сообраќајот во реално време и имајте доверба во најдобрата рута. Со нашите паметни асистенти, ќе стигнете порелаксирано на вашата цел.
Раскомотете се
Удобно контролирајте го вашето греење во мирување и други практични функции на возилото со апликацијата We Connect или користете ја подобрената гласовна контрола. Многу едноставно. Со We Connect.
Останете во живо
Слушајте станици во живо и поткасти преку интернет радио. Стримувајте ја вашата омилена музика. И уживајте ви целата слобода на WLAN xот-спот. Со We Connect во вашиот инфо-забавен систем, го подигнувате факторот на забава на ново ниво.
Не препуштајте се на случајот
Потпрете се на автоматската помош и личната грижа во итен случај. Навигирајте преку помошта при дефект со притискање на копчето до вашата локација. И спијте подобро навечер - благодарение на онлајн алармот против кражба. Можете да се потпрете на We Connect.
Следете ги состојбите
Контролирајте ги вратите и светлата во вашиот Volkswagen преку паметен телефон. Нека се покаже каде стои вашиот автомобил. Оптимизирајте го вашето возење. И проверете ги релевантните податоци за возилото од каде било. Така внимавате на она што е важно.
Регистрирајте се еднаш, добијте многу.
Секој јунак има помошник. А со услугите на We Connect ги имате еден куп. Откријте кои услуги се најпогодни за вашиот секојдневен живот и кои услови мора да бидат исполнети. Тука имате краток преглед на сите услуги и опции.
Вака ќе ја активирате и користите We Connect
Тука ќе дознаете како да ги активирате вашите мобилни онлајн-услуги преку апликацијата We Connect.
Преземање на апликацијата We Connect
Доживејте ги сите предности на We Connect и Car-Net во една апликација. Едноставно преземете ја апликацијата We Connect за оперативниот систем за вашиот паметен телефон и поврзете ја со вашиот Volkswagen.