Мени
Затвори мени

Новиот ID. Buzz

Новиот ID. Buzz

Најубавите нешта започнуваат со насмевка

Новиот ID. Buzz е нашата икона за ерата на електричните возила. Како за почеток, ние ги здруживме силите со други големи икони: хероите од Војна на ѕвездите. Тие беа воодушевени уште од првиот момент. ID. Buzz не воодушевува само со неговиот неспоредлив шарм, туку и со најмодерните технологии и целосно новото чувство на просторност. Тоа прави да биде симпатичен, интелигентен сопатник за секоја авантура. Во која било галаксија.

Едноставно галактички

Новиот ID. Buzz е повеќе од "Hightech", тој е "Human-Tech". Интелигентен сопатник, кој со неговата карактеристична насмевка веднаш ќе ве расположи. Тој не е дроид, но сигурни сме дека најновиот член на ID. семејството веднаш ќе наиде на фанови, каде и да оди.

Големо засилување за Volkswagen:
Ewan McGregor e амбасадор на брендот

Со Ewan McGregor, добивме силно засилување на екипата. Ewan е голем фан на Volkswagen, со сопствена колекција на олдтајмери од кои тој еден има и електрифицирано. Како долгогодишен амбасадор на добрата волја на UNICEF во Велика Британија, тој во светски рамки се залага за добротворни цели. Тоа Ewan го прави совршен партнер за заедничката мисија: мобилноста во иднина да ја направиме одржлива.

Електричната мобилност во нова димензија

Дизајнот на новата ера

Заснован на дизајнот на неговиот иконски предок, новиот ID. Buzz ги сплотува модерните димензии со иновативната техника. Дозволете да ве одушеват неговите паметни функции, чувството на максимална просторност и иновативниот дизајн на светлата. 

Повеќе за ID. Buzz

Одржлива мобилност во секој поглед

Сеопфатна одржливост за иднина ориентирана кон климата е мотото на новиот ID. Buzz. Тој билансно се испорачува како CO2 неутрален1 и локално вози без емисии на CO2. Благодарение на неговиот ентериер без животинска кожа и делумното користење рециклирани материјали - како на пр. кај навлаките на седиштата, патосниците и декоративниот внатрешен дел од покривот- тој ги обединува одржливоста и комфорот.

Нова мерка за просторност

Новиот ID. Buzz е мултифункционално возило за секоја потреба - благодарение и на малиот круг на свртување од малку над единаесет метри. Со максималната искористеност на просторот, концептот на внатрешниот простор, со кој се штеди простор и е целосно одново дизајниран, се нуди голем простор за нозете. Седиштата на ID. Buzz што комфорно се поместуваат, може да се користат на различни начини. Па така, ова возило се пет седишта, дури и со сите патници внатре, нуди до 1121 литри багажен простор зад вториот ред седишта.

ID. Buzz - Технологија & конективност

Travel Assist со збирни податоци

Ќе ја одржува коловозната лента за вас – а другите ќе ги држи на растојание

Travel Assist со збирни податоци може за вас да ги одржува коловозната лента, растојанието до возилото пред вас и максималната брзина којашто вие сте ја поставиле.2 Притоа, Travel Assist го користи адаптивното водење во лента, кое возилото активно го држи во средината на коловозната лента.2 Освен тоа, функцијата по желба активно ви помага на автопат при менување на коловозната лента.2 Покрај тоа, Travel Assist со збирни податоци може да ја приспособи брзината на возилото на важечките ограничувања на брзината, како и на текот на патот (кривини, кружни текови итн.).2

Полнење

Полнење струја – толку едноставно колку што е и професионално

Со ID. Buzz не само што ќе возите на еколошки начин, туку исто така и флексибилно. Максималната моќност на полнење за брзо полнење (DC) е до 170 kW, така што батеријата може за само 30 минути да се наполни од 5 до 80 проценти на столб за брзо полнење со соодветна моќност на полнење. 

Безжични ажурирања

Сите функции во најновата верзија

Софтверските ажурирања ја зголемуваат функционалноста на дигиталните системи во вашиот ID. Buzz. Благодарение на безжичните ажурирања3, тие може редовно да се ажурираат и оптимизираат со помош на договорот за We Connect4. Безжичните ажурирања се вршат во позадина преку пристапот до мобилната мрежа на вашиот ID. Buzz. Штом е достапно ажурирање, во врска со тоа ќе се појави известување во инфо-забавниот систем и истото ќе ве води низ чекорите до конечната инсталација.

Дизајн на светла

Модерно осветлување што комуницира со вас

Голем удел за симпатичниот изглед на ID. Buzz има модерниот дизајн на светлата. Веднаш штом ќе му пријдете на возилото со клучот од автомобилот, заедно со опционалниот систем за заклучување и стартување без клуч Keyless Access, неговите опционални LED-Matrix фарови се нишаат електрично одоздола и светнуваат - пријателски "поглед" како поздрав. Потоа во внатрешниот простор интерактивното ID. Light ви посакува добредојде со светлосни сигнали и суптилен звук. 

Infotainment

Добро дојдовте во дигиталниот свет

Дигитален кокпит, интернет конекција, мобилни онлајн услуги и интегрирано говорно управување - во новиот ID. Buzz ве очекува со најновата технологија на високо ниво. Комфорно пренесувајте музика, аудио книги или пораки од вашиот паметен телефон на опционалниот екран на допир во боја со големина до 30,5 cm (12 инчи) на инфо-забавниот систем користејќи ја App-Connect, со која можете да ракувате со бројни функции како што е радиото DAB+.   

ID. Buzz Cargo

Со ID. Buzz Cargo трајно ќе се промени вашата комерцијална мобилност. 

Превозник на иднината


Со ID. Buzz Cargo вие и професионално имате корист од предностите на исплатливата електромобилност. Концептот на просторот за товарање, кој е специјално прилагоден на комерцијалните барања и нуди голем простор, е само една од неговите силни страни.

Кутијата за полнење за вашиот дом: ID. полнач

На паркингот од компанијата, пред супермаркетот, на автопат или во катната гаража: Вашиот ID. Buzz можете да го полните речиси насекаде. За уште поголем комфор ви го нудиме ID. полначот: кутијата за полнење за брзо полнење пред вратата од сопствениот дом.

Опуштено полнење од дома


ID. полначот на Elli е вашата приватна станица за полнење струја. Еднократно инсталиран, ID. Buzz можете едноставно да го полните во текот на ноќта и да го започнете денот со целосна енергија. Моделите ID. Charger Connect и Pro што се компатибилни со интернет се опремени со интелигентен систем за управување со енергија и може далечински да се управуваат, конфигурираат и користат преку апликација.

ID. полначот кај MOON

Hoppla!
Ihr Browser scheint nicht aktuell zu sein. Eventuell funktioniert unsere Webseite nicht optimal. Die meisten Browser (nicht jedoch MS Internet Explorer 11 & älter) funktionieren dennoch problemlos.

Wir empfehlen Ihnen ein Update Ihres Webbrowsers!
Die jeweils neueste Version kann überall im Internet ein gutes Erlebnis sicherstellen.

Danke für Ihren Besuch und viel Spaß,
Вашиот Volkswagen Team