Тој звучи уникатно, и навистина е: ID. Sound, звукот на ID. моделите на Volkswagen при пониска брзина. За да се направи побезбеден градскиот сообраќај, вашиот ID. при брзина од 30 km/h се слуша потивко однатре и малку појасно однадвор. Вештачки создадениот звук на возилото речиси бесшумните електрични погони ги прави звучно препознатливи за пешаците и велосипедистите. Тој прави звук при поаѓање, возење наназад и при брзини до 30 km/h. При поголеми брзини, шумот од тркалањето на гумите станува толку гласен што повеќе не е потребен дополнителен звучен сигнал.