Новиот ID.7 нуди поголема пространост за до пет патници и благодарение на премиум материјалите и карактеристиките, како што се амбиенталното светло или панорамскиот стаклен покрив што може електрично да се затемни, нуди Lounge карактер на лимузина од високата класа со особено голема просторност - дури и на задните седишта. А во багажникот со повеќе од 500 литри, ќе имате простор за повеќе од она што ви е потребно.
Материјалите на внатрешниот простор на новиот ID.7 се сериски без производи од животинско потекло и истовремено се полни со рециклирани суровини.