Елегантниот дизајн на ID.7 е комбинација од аеродинамично оформен преден дел и заден дел со опаѓачки дизајн, што потсетува на фастбек. Отворите воздух во предниот дел овозможуваат протокот на воздух при возењето да струи наназад по страните на возилото. На тој начин, тие создаваат воздушна завеса, која струењето на воздухот го смирува странично покрај возилото. Покривот што се спушта придонесува ID.7 да има многу добра вредност за отпор на воздух (cW-вредност) од само 0,237 - за помала потрошувачка на енергија и поголем досег.