Поврзани со светот

Новиот Arteon е Вашиот пат до дигиталните услуги на Volkswagen: Од почеток и по желба целосно поврзани во мрежа, на располагање Ви стојат голем број на We Connect1) услуги. По еднократно активирање и најавување со Вашата Volkswagen ID, едноставно и покрај тоа бесплатно можете да користите иновативни онлајн услуги. По потреба благодарените на We Upgrade2) во иднина можете и дополнително да го активирате опционалното говорно управување.

We Connect не само што Вашето секојдневие го прави попријатно, туку и покомфорно. Ви овозможува пристап до многу важни информации за возилото и со повикот во случај на дефект, онлајн уредот за предупредување од кражби или планирањето на термин за сервисирање Ви нуди корисен комфор.

А со We Connect апликацијата за Вашиот паметен телефон имате преглед на најважните податоци за Вашиот нов Arteon и додека патувате: Проверете го на пример преостанатиот досег или проверете дали се затворени сите врати и прозорци. Покрај тоа, Вашиот паметен телефон можете да го користите како клуч и на тој начин да го отворите и стартувате Вашиот нов Arteon без да го барате клучот.3)

1) За користењето на We Connect услугите потребна Ви е Volkswagen ID корисничка сметка и за We Connect мора да се најавите со корисничко име и лозинка. Исто така треба да онлајн да склучите посебен договор за We Connect односно We Connect Plus со Volkswagen AG. За We Connect Plus по предавање на возилото имате период од 90 дена за да го регистрирате возилото на portal.volkswagen-we.com  и да ги користите услугите за целосното времетраење на договорениот бесплатен период. Користењето на мобилните онлајн услуги We Connect е овозможено преку вградена интернет врска. Трошоците за податоците во рамките на Europas кои се поврзани со тоа, во рамките на мрежната покриеност со исклучок на услугите "Streaming & Internet" ги сноси Volkswagen AG. За користење на услугите "Streaming & Internet", како и на WLAN-Hotspot може да се добијат бесплатни податочни пакети преку надворешниот партнер за мобилна мрежа "Cubic Telecom" и да се користат во областа на мрежната покриеност во многу европски земји. Информации за цените и поддржаните земји ќе најдете на vw.cubictelecom.com. Алтернативно, можно е користењето на интернет-радио и стриминг на медиуми преку краен мобилен уред (на пр. Паметен телефон) со способност да функционира како  WLAN-Hotspot. Во овој случај конкретните услуги ќе бидат достапни само со постоечки или посебно склучен договор за мобилна мрежа меѓу Вас и Вашиот провајдер на мобилна мрежа и само во рамките на покриеноста на конкретната мобилна мрежа. Со прием на податочни пакети од интернет, во зависност од Вашата конкретна тарифа за мобилна мрежа и особено при користење во странство, може да настанат дополнителни трошоци (на пр. такси за роаминг). За користење на бесплатната We Connect апликација потребен е паметен телефон со соодветен  iOS или Android оперативен систем и SIM-картичка со податочна опција со постоечки или посебно склучен договор за мобилна мрежа меѓу Вас и Вашиот провајдер на мобилна мрежа. Достапноста на поединечните We Connect и We Connect Plus услуги опишани во пакетите може да биде различна зависно од земјата, Услугите стојат на располагање за конкретно договорениот договорен период и за време на договорниот период може да подлежат на измени односно да се постават. Подетални информации ќе најдете на portal.volkswagen-we.com и кај Вашиот партнер на Volkswagen. Информации за условите за тарифа за мобилна мрежа ќе добиете кај Вашиот провајдер на мобилна мрежа.

2) За користењето на "We Upgrade" ставки потребна Ви е Volkswagen ID корисничка сметка, валиден We Connect договор и Ваша легитимација како главен корисник, тоа значи поврзување на Вашата корисничка сметка со конкретното возило. Понатаму потребно е возилото да располага со техничките функции и хардвери кои се потребни за конкретната "We Upgrade". Функциите кои може да се добијат за конкретната "We Upgrade" може да се погледнат од главниот корисник во In-Car Shop на Infotainment системот. За производи за кои е потребна доплата во We Connect Webshop https://shop.volkswagen-we.com мора еднократно да се изврши плаќање. Добиените и активираните "We Upgrade" функции остануваат во возилото и не може да се пренесат на друго возило.

3) Достапно само со опционалниот навигациски систем "Discover Pro" и заедно со We Connect апликацијата. Иницијално по добивање на функцијата, во првите 4 години од склучување на  We Connect договорот на располагање имате мобилни клучеви кои може да се купат. За проследувањето на мобилен клуч потребна е проверка на идентитетот на испраќачот на клучот преку постапката Volkswagen Ident. По инсталирање на компатибилен паметен телефон, мобилниот клуч кој е поврзан на крајниот уред има валидност од една година.

Затвори
Мени
Затвори мени
Затвори

Новиот Arteon

Hoppla!
Ihr Browser scheint nicht aktuell zu sein. Eventuell funktioniert unsere Webseite nicht optimal. Die meisten Browser (nicht jedoch MS Internet Explorer 11 & älter) funktionieren dennoch problemlos.

Wir empfehlen Ihnen ein Update Ihres Webbrowsers!
Die jeweils neueste Version kann überall im Internet ein gutes Erlebnis sicherstellen.

Danke für Ihren Besuch und viel Spaß,
Вашиот Volkswagen Team