Мени
Затвори мени
Затвори

Коњски сили, од коишто ќе се возбудите. Golf GTI.

Бунтовникот е повторно на улица и повторно предизвикува сензација, а на сите коишто го возат им носи уште поголемо задоволство при возењето и уште повеќе возбуда.

Golf GTI има многу врвни карактеристики. Тука ќе наведеме три:

Надворешност

Ви овозможува спортско елегантен настап.

Надворешност

2.0 l TSI мотор 180 kW (245 КС)

Моќен. Спортски. Мускулест.

Технологија

Внатрешност

Совршена тркачка средина.

Внатрешност

Надворешност

Надворешност

Ви овозможува спортско елегантен настап

Доколку црвена линија се протега преку предниот дел и решетката на ладилникот има структура на саке и црни отвори за воздух - тогаш таму може да има само еден натпис: GTI. Тесните LED фарови, маркантно динамичните браници и проширените странични прагови дополнително го потенцираат спортскиот изглед на ова легендарно возило. Во задниот дел не смее да недостасуваат спојлерот на работ на покривот и хромираните издувни цевки, додека задните LED светла го заокружуваат уникатниот изглед.

IQ.LIGHT

Врвната карактеристика на вашиот Golf GTI: IQ.LIGHT

Golf GTI веќе сериски има LED главни фарови, коишто видливо динамично се провлекуваат настрана кон калниците, а во задниот дел доминираат тесните LED задни светла. Опционално, вашиот Golf GTI може да го опремите со IQ.LIGHT. Тогаш, патот го осветлуваат особено силните LED Matrix фарови со вклученото регулирање на долгото светло "Dynamic Light Assist". Освен тоа, пакетот содржи и иновативни динамични трепкачи, коишто насоката на вртење ја прикажуваат во форма на анимирана светлосна лента

Тркала

Маратонци или спринтери? Програмата на тркала ви ги нуди двете.

Ништо не го оформува страничниот изглед на возилото толку многу како тркалата. Динамичните тркала од лесен метал што вам на располагање ви стојат сериски и опционално, впечатливо ја потенцираат спортската природа на Golf GTI.

LED фарови за магла

Вистинска врвна карактеристика при лошо време

Магла, силен снег или дожд? Опционалните LED фарови за магла коишто доаѓаат со новиот дизајн со 5 структури на саке и се интегрирани во браниците, ви нудат дополнителна светлина. Едноставно вклучете ги и светот веќе изгледа поинаку. А вашиот Golf GTI изгледа уште помаркантно.

Амбиентално осветлување на надворешноста

Тој ќе ве прими расположени. А вие ќе го најдете полесно.

Со амбиенталното осветлување на надворешноста, вашиот Golf GTI ќе ве поздрави уште од надвор: Притиснете на вашиот клуч за далечинско управување или доколку опционално сте се одлучиле за Keyless Access со Safe осигурувач, приближете се до возилото и фаровите и задните светла ќе светнат. Рачките на вратите и црвената трака на решетката на ладилникот ќе се осветлат и вашиот Golf GTI ве пречекува со светлосни проекции од надворешниот ретровизор на подот.

Направете ваша сликаt од Golf GTI

Технологија

Мотор

Моќен. Спортски. Мускулест.

Со неговиот 2,0 l TSI мотор, ова компактно спортско возило нуди импозантни 180 kW (245 КС), што му овозможуваат за само 6,2 секунди да забрза од 0 на 100 km/h и максимална брзина од 250 km/h (регулирано). Со толкава моќност, не се забавни само правите делници како автопатите, туку и регионалните патишта со многу кривини. Покрај тоа, тука добивате поддршка од блокадата на диференцијал на предната оска (VAQ), којашто го стабилизира вашиот Golf GTI и ви помага да ја задржите контролата.

Менувач со двојна спојка DSG

Намалете на менување брзини, не намалувајте на забава

Влезете и дајте гас: Менувачот со двојна спојка DSG со новоразвиената мала рачка на менувачот овозможува забава при возењето, без прекин. Бидејќи со неа без прекин менувате помеѓу степените и може дури и да ја намалите потрошувачката на гориво. Со притиснување на рачката на менувачот, сосема едноставно ги бирате саканите возни степени коишто потоа се применуваат преку електрично поврзаниот Shift-by-Wire менувач. Особено практично при метеж: Во комбинација со опционалниот систем за помош при возење "Travel Assist", системот помага при поаѓање и сопирање.

Блокада на диференцијал на предна оска (VAQ)

Слободно по тесните кривини: Golf GTI со VAQ

Golf GTI меѓу другото нуди блокада на диференцијал на предна оска (VAQ), којашто го стабилизира вашиот Golf GTI при излизгување. На тој начин ќе ја задржите контролата и при спортски начин на возење.

Електронска блокада на диференцијал XDS+

За кривините да ви бидат уште позабавни

Кој би помислил дека збор како електронска блокада на диференцијал XDS+ што тешко се изговара толку многу ќе ве израдува? Со Golf GTI се случува токму тоа. Затоа што тука XDS+ сериски овозможува уште поголема тракција и со тоа и чувство на поголема смиреност во кривините. Така на пример, со еднострано прецизно зголемување на притисокот на сопирање, возењето во кривини е уште поспортско, побрзо и попрецизно. Поради тоа, не е ништо чудно кога делницата со многу кривини ќе предизвика насмевка.

Внатрешност

Внатрешност

Надвор: Брз.
Внатре: Релаксиран.

Заради неговата очигледна спортска природа, во внатрешноста на GTI, сите компоненти се приспособени еден на друг. Тоа почнува со педалите од не'рѓосувачки челик, преку декоративните вметоци и типичните шевови, па се до црниот внатрешен дел од покривот. Амбиенталното LED осветлување притоа овозможува светлосни акценти на вистинските места. На прв поглед веднаш се забележува дека во кокпитот влегла дигиталната иднина. Тука доминираат дисплеи со висока резолуција и голем дел од функциите како радио, клима уред или осветлување може да се ракуваат преку површините чувствителни на допир и лизгачките регулатори.

Innovision кокпит

Сè се приспособува на вас

Digital Cockpit Pro во комбинација со опционалниот навигациски систем "Discover Pro" може да се прошири во Innovision кокпит. Тоа значи дека на располагање стојат два дисплеја со димензии од 25,4 cm (10 инчи) и 26,04 cm (10,25 инчи). На на тој начин настанатиот пејсаж од дисплеи, покрај класичните содржини како што се мерачот на број на вртежи, тахометарот и километражникот, и другите корисни податоци сега ви се уште попрегледно и подетално прикажани. Почетниот екран врз основа на вашиот паметен телефон може да се пополни со омилените функции.

Сериски, Golf GTI има Digital Cockpit Pro..

Врвни спортски седишта и опрема од кожа

Потпрете се

Во внатрешноста, стилот на GTI е насекаде. Додека врвните спортски седишта напред имаат навлаки во дезен "Scale Paper", тука ќе ги најдете црвените акценти типични за дизајнот на GTI не само на управувачот, туку дури и на текстилните подни простирки напред чијашто боја е усогласена. Дополнителна доза елеганција? Висококвалитетната и мазна опционална опрема од кожа "Vienna" овозможува луксузен амбиент. Перфорираниот природен материјал во црна и кристално сива боја ги краси средишните делови од седиштата и внатрешните страни на перничките на предните врвни спортски седишта, а тука до израз особено доаѓа и црвениот контрастен шев типичен за GTI.

Повеќефункциски спортски управувач во кожа, со ракување на допир и прекинувачи за менување степени

Интуитивно преку допир

Класичните функциски копчиња во кокпитот во Golf GTI им отстапија место на површините што се претежно чувствителни на допир. Така на пример, клима уредот "Air Care Climatronic" може сосема едноставно и интуитивно да го регулирате преку копчиња и лизгачки регулатори. И повеќефункцискиот спортски управувач на допир во кожа може да се ракува со едноставно допирање со прст. Во комбинација со интелигентното водење низ менијата, преку него добивате пристап до многу функции. Хаптичката реакција во форма на блага вибрација го потврдува секое внесување.

Head-up дисплеј

Технологија што нуди поглед во иднината

Да ги имате најважните информации пред очи, а истовремено да го гледате патот: Тоа е големата предност на опционалниот Head-up дисплеј во вашиот Golf. Дек од ветробранското стакло се претвора во површина за проекција со цел да се прикажат брзината, пораките на системите за помош на возачот или навигациските напомени. Проектираното може добро да се види дури и кога имате извор на светлина отспротива. А доколку повеќе не ви е потребен дисплејот, може во секое време да го исклучите.n.

Hoppla!
Ihr Browser scheint nicht aktuell zu sein. Eventuell funktioniert unsere Webseite nicht optimal. Die meisten Browser (nicht jedoch MS Internet Explorer 11 & älter) funktionieren dennoch problemlos.

Wir empfehlen Ihnen ein Update Ihres Webbrowsers!
Die jeweils neueste Version kann überall im Internet ein gutes Erlebnis sicherstellen.

Danke für Ihren Besuch und viel Spaß,
Вашиот Volkswagen Team