Со "Travel Assist", во возилото имате извонредно корисен систем за помош при возење. Затоа што со притискање на копче тој овозможува комфор при возењето* на највисоко ниво со тоа што ви помага во монотони и заморни возни ситуации:
"Travel Assist" за вас може да ги одржи коловозната лента и брзината и притоа во предвид да го земе растојанието до сообраќајот пред вас, особено на автопат и на добро изградени рурални патишта.
Заедно со менувачот со двојна спојка DSG ќе возите релаксирано низ застој и Stop-and-go сообраќај.
* во рамки на границите на системот и возачот мора да биде подготвен во секое време да го премости системот за помош и не се ослободува од неговата одговорност внимателно да го управува возилото.