App-Connect

Користете ги вашите апликации и во вашиот нов Volkswagen

Сакате вашите апликации за паметен телефон да ги користите комфорно во возилото? Благодарение на App-Connect тоа е лесно како никогаш досега. Тоа ви овозможува комфорно да ги користите избраните апликации и содржини директно во вашиот Volkswagen. Тие се пренесуваат на дисплејот на Infotainment системот и можете комфорно и прегледно да ги користите во вашето видно поле. На тој начин е лесно на пример да пристапите до музика, пораки, мапи или други аудио книги. Volkswagen исто нуди три интерфејси за поврзување на паметни телефони со многу можности: Apple CarPlay™, Android Auto™ од Google и MirrorLink®. Apple CarPlay™ и Android Auto™ од Google можете да ги користите дури и безжично*. За да избегнете одвлекување на вниманието, за време на возењето стартувајте само сертифицирани апликации. Ве молиме во овој контекст исто така имајте во предвид, дека повеќето апликации не се нудат за сите три технологии и дека достапноста на тие технологии во зависност од земјата може да биде различна.

Информации за компатибилноста на паметни телефони ќе најдете за Apple CarPlay™ на https://www.apple.com/de/ios/carplay/, за Android Auto™ на https://www.android.com/intl/de_de/auto/ и за MirrorLink® на https://mirrorlink.com/.

*Зависно од земјата, моделот и телефонскиот провајдер.

We Connect Start

Целосно поврзани во мрежа во вашето ID.4

Дигиталните услуги на "We Connect Start"1) го претвораат новото ID.4 во возило поврзано во мрежа, затоа што преку фиксно вградената SIM-картичка вашето возило по желба може да биде онлајн. Со тоа се достапни информации за сообраќајот во реално време, станици за полнење и статус на резервација, цени и работно време. Со соодветната апликација We Connect ID. App имате преглед на вашето возило и вашиот телефон ќе се претвори во далечински управувач. Покрај тоа, секогаш имајте ги најновите информации со онлајн безжичното ажурирање. Со помош на апликацијата можете да го погледнете преостанатиот досег на вашето возило, да го поставите клима-уредот и да го започнете и прекинете управувањето. "We Connect Start" во ID.4 можете да го користите три години бесплатно. На тој начин ќе станете поврзани со вашето возило - без разлика дали сте на пат или седите на вашиот кауч.

1) За користење на We Connect услугите потребна Ви е Volkswagen ID корисничка сметка и за We Connect Start мора да се најавите со корисничко име и лозинка. Исто така треба да онлајн да склучите посебен договор за We Connect Start со Volkswagen AG. По предавање на возилото имате време од 90 дена за да го регистрирате возилото со апликацијата We Connect ID. App и да ги користите услугите на We Connect Start за целосното времетраење на договорениот временски период без надомест. Користењето на мобилните онлајн услуги We Connect Start е овозможено преку вградена интернет врска. Трошоците за податоците во рамките на Европа кои се поврзани со тоа, во рамките на мрежната покриеност ги сноси Volkswagen AG. За користење на бесплатната апликација We Connect ID. App потребен е паметен телефон со соодветен  iOS или Android оперативен систем и SIM-картичка со податочна опција со постоечки или посебно склучен договор за мобилна мрежа меѓу Вас и Вашиот провајдер на мобилна мрежа. Достапноста на поединечните услуги опишани во пакетите може да биде различна зависно од земјата. Услугите стојат на располагање за конкретно договорениот договорен период и за време на договорниот период може да подлежат на измени во содржината. Подетални информации ќе најдете на www.connect.volkswagen-we.com и кај вашиот партнер на Volkswagen. Информации за условите за тарифа за мобилна мрежа ќе добиете кај Вашиот провајдер на мобилна мрежа.

1) Im Rahmen der Grenzen des Systems. Der Fahrer muss jederzeit bereit sein, das Assistenzsystem zu übersteuern und wird nicht von seiner Verantwortung entbunden, das Fahrzeug umsichtig zu fahren. 2) In Verbindung mit dem optionalen schlüssellosen Schließ- und Startsystem "Keyless Advanced" 3) bis maximal 210 km/h

Затвори
Затвори мени

100% теренско возило 100% електрично Новото ID.4

 

Hoppla!
Ihr Browser scheint nicht aktuell zu sein. Eventuell funktioniert unsere Webseite nicht optimal. Die meisten Browser (nicht jedoch MS Internet Explorer 11 & älter) funktionieren dennoch problemlos.

Wir empfehlen Ihnen ein Update Ihres Webbrowsers!
Die jeweils neueste Version kann überall im Internet ein gutes Erlebnis sicherstellen.

Danke für Ihren Besuch und viel Spaß,
Вашиот Volkswagen Team