Мени
Затвори мени

100% SUV, 100% електричeн Новиот ID.4

Создаден за големи работи

Целосно нов концепт за простор, кој ви подарува слобода. Електричен перформанс, кој воодушевува. И интуитивен комфор при ракување, кој прави сè да биде поедноставно. Новото ID.4: силно како теренско возило, издржливо како ID.

Поддржано, поврзано во мрежа и отвора нови можности

Струјата ве движи

Наутро удобно возење до канцеларија, претходно брзо носење на децата на училиште и навечер враќање назад - со полнење на батеријата во принцип тоа не е проблем¹⁾. 52 kWh нето содржина на енергија во варијантата на опрема Pure и 77 kWh нето содржина на енергија во варијантата на опрема Pro ви стојат на располагање за избор, со до 125 kW (Pure) и до 150 kW (Pro) максимална ефикасна излезна моќност.

e-технологија

Кука за влечење

Овозможена за вашата опрема

Дали за вашето хоби е потребна обемна опрема? Дали треба деловно да транспортирате поголема количина товар? Тоа воопшто не е проблем за ID.4: Опционалната кука за влечење е дизајнирана за товар до 750 kg (без сопирачки) односно 1000 kg (со сопирачки)4). Доколку моментално не ви е потребна куката за влечење, можете да ја склопите со неколку рачни зафати под браникот, така што повеќе нема да биде видлива.

Koмфор

Панорамски сончев покрив

Небески погледи

Со огромната стаклена површина, која ја достигнува скоро целата ширина на покривот, опционалниот панорамски сончев стаклен покрив веќе самостојно привлекува погледи. Уште поубаво: слободниот поглед кон небото. Покрај тоа има затемнето стакло за заштита од сончевите зраци и пријатна температура. Од силната сончева светлина штити и ролетната за сонце, која на пример можете многу удобно да ја ракувате со гласовна контрола. Изговорете "Hello ID, Show me the stars" и ролетната ќе се отвори.

Koмфор

Во вашиот VW продажен салон Volkswagen ID.4 е Светски Автомобил на годината!

"World Car of the Year 2021" е Volkswagen: Новиот и целосно електричен ID.4 преовлада над силната меѓународна конкуренција на интернационалните "World Car Awards"- наградите за автомобили. Светската награда "World Car of the Year" ја доделуваат повеќе од 90 меѓународни автомобилски новинари од 24 земји, кои гласаат за најдобрите иновации на светскиот пазар.

Напомени за моќноста на моторот

Максималната излезна моќност на ID.4 Pro Performance изнесува 150 kW (204 КС). Кај ID.4 Pure максималната излезна моќност изнесува 109 kW (148 КС), кај ID.4 Pure Performance 125 kW (170 КС).

Пакети на опрема на ID.4

Инфо-забавен пакет
  • Навигациски систем "Discover Pro"
  • Телефонски интерфејс "Comfort" со функција за индуктивно полнење
Инфо-забавен пакет "Plus"
  • Навигациски систем "Discover Pro Max" со 12-инчен дисплеј
  • Телефонски интерфејс "Comfort" со функција за индуктивно полнење
  • Augmented Reality Head-Up дисплеј
Стајлинг пакет
  • Осветлена лента меѓу фаровите
  • Затемнети странични задни стакла и задно стакло
  • Динамично регулирање на долгото светло "Dynamic Light Assist" за LED-Matrix фарови
  • LED-Matrix фарови со автоматско вклучување на долгото светло, светло за лоши временски услови и функција за поздравување
  • 3D-LED задни светла со динамични трепкачи
Стајлинг пакет "Plus"
  • Осветлена лента меѓу фаровите

  • Затемнети странични задни стакла и задно стакло со заштита од топлина и акустично стакло
  • Динамично регулирање на долгото светло "Dynamic Light Assist" за LED-Matrix фарови
  • LED-Matrix фарови со автоматско вклучување на долгото светло, светло за лоши временски услови и функција за поздравување
  • 3D-LED задни светла со динамични трепкачи
  • Панорама покрив
Комфор пакет
  • "Air Care Climatronic" тро зонска автоматска контрола на климата со филтер за воздух со активен јаглен и стационарна климатизација
  • 2 x USB-C приклучоци напред, 2 x USB-C приклучоци за полнење на централната конзола назад
  • Мултифункционален кожен волан, со греење и контроли на допир 
  • Варијабилна централна конзола, со подесиви држачи за чаши и оддел за складирање
  • Греење на предни седишта
  • Ламинирано сигурносно ветробранско стакло, безжично греење, рефлекција на инфрацрвени зраци, изолација на бучава
  • Автоматски загревани прсклаки за миење на ветробранското стакло
Комфор пакет "Plus"

  • Висински подесив под во одделот за багаж, со можност за отстранување
  • Мрежна преграда во одделот за багаж и мрежа за фиксирање на товар во одделот за багаж
Пакет за помош
  • Задна камера
  • Систем за заклучување и стартување без клуч "Keyless Access" со Safelock
  • Алармен систем против кражба со мониторинг на внатрешноста, резервна сирена и заштита од одвлекување
  • Проактивен систем за заштита на патниците во комбинација со "Front Assist"
  • Осветлена лента помеѓу предните светла и осветлени вдлабнатини на рачките на вратите
Пакет за помош "Plus"
  • Area View 360° камери вкл. задна камера
  • Систем за заклучување и стартување без клуч "Keyless Access" со Safelock
  • Осветлена лента помеѓу предните светла и осветлени вдлабнатини на рачките на вратите
  • Алармен систем против кражба со мониторинг на внатрешноста, резервна сирена и заштита од одвлекување
  • Проактивен систем за заштита на патниците во комбинација со "Front Assist"
  • Системи за помош на возачот "Travel Assist", "Lane Assist" и "Emergency Assist" систем за предупредување при напуштање на лента
  • Систем за промена на лента "Side Assist"
  • "Easy Open & Close" сензорски контролирано отворање и затворање на задна врата од багажникот, со далечинско отклучување
Пакет Спорт "Plus"
  • Адаптивна контрола на подвозје DCC вкл. избор на профили за возење
  • Прогресивно управување
Пакет за внатрешност "Style"
  • Избор на внатрешност:
    - Сива Platinum Grey со црн волан
    - Кафеава Florence Brown со црн волан
    - Кафеава Florence Brown со бел Electric White волан
  • Преслекување на предните седишта и надворешните задни седишта во текстил "ArtVelours"
  • Амбиентално осветлување во 30 бои
  • Педали од не'рѓосувачки челик во дизајн "Play/Pause"
  • Мултифункционален кожен волан, со греење и контроли на допир
  • Предни седишта со прилагодување на висината
  • Асиметрично преклоплив/поделив наслон за грб позади со централен потпирач за раце, 2 x држачи за чаши, отвор за долги предмети
  • Стандардна инструмент табла
    (во комбинација со Сива Platinum Grey внатрешност)
  • Инструмент табла "Comfort", со декоративна опшивка
    (во комбинација со Кафеава Florence Brown внатрешност)
Пакет за внатрешност "Style Plus"

  • ergoActive предни седишта со електрично прилагодување и функција за меморија, надолжно прилагодлива надколенична поддршка
  • Асиметрично преклоплив/поделив наслон за грб позади со централен потпирач за раце, 2 x држачи за чаши, отвор за долги предмети
  • Стандардна инструмент табла
    (во комбинација со Сива Platinum Grey внатрешност)
  • Инструмент табла "Comfort", со декоративна опшивка
    (во комбинација со Кафеава Florence Brown внатрешност)
Пакет за внатрешност "Top Sport Plus"

  • Пневматски прилагодлива лумбална поддршка на предни седишта, со функција за масажа
  • Наслоните за глава напред интегрирани на седиштата
  • Асиметрично преклоплив/поделив наслон за грб позади со централен потпирач за раце, 2 x држачи за чаши, отвор за долги предмети
  • Стандардна инструмент табла
    (во комбинација со Сива Platinum Grey внатрешност)
  • Инструмент табла "Comfort", со декоративна опшивка
    (во комбинација со Кафеава Florence Brown внатрешност)

Клучни технички податоци за ID.4

Модел ID.4 Pure ID.4 Pure Performance ID.4 Pro Performance
Максимална моќност 109 kW (148 КС) 125 kW (170 КС) 150 kW (204 КС)
Батерија 52 kWh 52 kWh 77 kWh
Забрзување (0 - 100 km/h) 10,9 s 9,0 s 8,5 s
Досег (според WLTP) 346 km 346 km 522 km

е-Технологија

Моќност & досег

Електричната енергија ве носи подалеку

Восете удобно до канцеларија изутрина, после работа веднаш со целосна опрема на излет преку викенд - со ID.4 тоа не е проблем¹⁾.
Со ID.4 Pro Performance имате батерија со 77 kWh нето енергетска содржина на батеријата и досег во пракса од 360-520 km¹⁾ како и максимална излезна моќност од 150 kW.
ID.4 Pure и Pure Performance располагаат со батерија со 52 kWh нето енергетска содржина на батеријата. Максималниот досег (според WLTP) изнесува 345 km¹⁾.

Полнење

Целосно снабдување со струја за полнење

Предноста на електричните возила: Полнењето е возможно скоро секаде. Дома полнете со наизменична струја (AC) на домашен приклучок или на опционалната ѕидна станица за полнење (charging wallbox). Многу јавни станици за полнење на бензински пумпи и автопати дополнително нудат брзо полнење со еднонасочна струја (DC). Тука можете да полните со еднонасочна струја до 125 kW во варијантата Pro.

Погон

Целосна моќност пред вас

Отсега, секое црвено светло на семафор е како нов старт, при кој ќе почувствувате целосно нов вид на задоволство при возењето. Електромоторот на ID.4 забрзува динамично и со целосен вртежен момент уште од почетокот. Со моделите базирани врз Pure Performance со 125 kW максимална излезна моќност, можете за само 9,0 секунди да достигнете од 0 до 100 km/h. Додека пак, со моделите базирани врз Pro Performance со 150 kW максимална излезна моќност, можете за само 8,5 секунди да достигнете од 0 до 100 km/h. Без менување степени, без задоцнување - едноставно тргнете и почувствувајте ја возбудата.

e-Sound

Овој автомобил звучи како нов

Колку е тивок електричниот автомобил, целосно зависи од возилото. За да се направи побезбеден градскиот сообраќај, вашиот ID.4 при брзина од 30 km/h се слуша потивко однатре, а малку појасно однадвор. На тој начин полесно може да го забележат пешаци. Футуристичката композиција го нагласува неговиот визионерски идентитет и истовремено служи како вештачки произведен шум на возилото, кој ги прави скоро бесшумните електрични возила звучно препознатливи за пешаци и лица на велосипед.

Топлинска пумпа

Со широк досег: топлинската пумпа во ID.4

Во новото, целосно електрично ID.4, топлинска пумпа се грижи за енергетски ефикасно загревање на внатрешниот простор. Тоа значи дека е потребно помала количина на струја од батеријата за таа намена.

Дознајте повеќе

Дизајн

Надворешност

Функција во нејзината најубава форма

Урбано теренско возило со великодушен дизајнерски концепт и круг на вртење на мало возило: новиот ID.4 покажува колку привлечна може да биде електричната мобилност. Со совршени 18-инчни или опционални 19-инчни до 21-инчни тркала од лесна легура, кровни шини за дополнителен багаж, внатрешни рачки на вратите за подобрена аеродинамичност, опционални 3D LED задни светла со динамични показатели на насока и уште една сосема посебна карактеристика: опционалната светлосна лента помеѓу предните фарови, која се протега напред и назад до новооформеното лого на Volkswagen.

Внатрешност

Добредојдовте во отворен простор

Внатрешноста на новото ID.4 е толку интелигентно и великодушно опремена, што вам и на вашето семејство ви нуди импресивно чувство за простор. Тоа ќе го забележите уште при влегувањето: многу простор за нозете, варијабилна централна конзола и удобни седишта, опционално со електрично прилагодување и мемориска функција. Исто така има и централен дисплеј на допир со големина до 30,5 cm (12 инчи), како и мултифункционален волан со контроли на допир. Амбиенталното осветлување во бои по ваш избор ги нагласуваат Lounge карактеристиките. Заедно во комбинација со опционалниот панорамски сончев покрив, можете да уживате во опуштено патување.

Амбиентално осветлување

Светло за секое расположение

Дадете му на вашиот ID.4 повеќе карактер. Изберете од десетте сериски бои (опционално можни се 30 бои) и нежно осветлете го внатрешниот простор. Меѓу другото контролната табла, преградата за мобилен телефон и вратите. Ладни или топли нијанси на осветлување - изборот е во ваши раце.

Поздрав

Лично ве поздравува

 Новиот ID.4 може да ве препознае. Штом му се приближите со вашиот клуч за возилото заедно со опционалниот систем за затворање и стартување без клуч "Keyless Access", автомобилот светнува со неговите опционални IQ.LIGHT - LED Matrix предни светла за да ве поздрави. Функциите "Leaving home" и "Coming home", со светлосна проекција ви го осветлуваат патот од вашиот дом до вашето возило и назад. Интерактивното внатрешно осветлување ID.Light ви посакува добредојде, кое со суптилен звук при стартување ве инспирира да тргнете веднаш. Потоа, кога повторно ќе го напуштите вашиот ID.4, вашиот ID.4 ве поздравува со светлосен сигнал и звук.

Дизајн на бои

Едноставно незаменлив

Новиот ID.4 преку пакетот за надворешност "Exterior Style" ви нуди многу простор за играње со боите на надворешноста, на пример разни комбинации со вашата омилена боја. Она што е посебно: Опционалниот металик лак по ваш избор се комбинира со црн покрив, сребрени кровни шини и C столб. Колоритен потпис, кој си игра со контрастот. Токму како и самото ID.4.

Комфор

Панорамски сончев покрив

Небески погледи

Со огромната стаклена површина, која ја достигнува скоро целата ширина на покривот, опционалниот панорамски сончев стаклен покрив веќе самостојно привлекува погледи. Уште поубаво: слободниот поглед кон небото. Покрај тоа има затемнето стакло за заштита од сончевите зраци и пријатна температура. Од силната сончева светлина штити и ролетната за сонце, која на пример можете многу удобно да ја ракувате со гласовна контрола. Изговорете "Hello ID, Show me the stars" и ролетната ќе се отвори.

Augmented reality Head-Up дисплеј

Иновативна навигација

Во новото ID.4 имате преглед на сè што е важно. Опционалниот Augmented reality Head-Up дисплеј проектира важни информации директно во видното поле на ветробранското стакло. Благодарение на Augmented Reality технологијата, ќе ја гледате навигацијата на коловозот токму на она место каде што мора да возите по должина или да завртите. До целта ќе стигнете поопуштено, без да го тргнете вашиот поглед од патот.

ID.Light

Јасна комуникација

Со помош на ID.Light, вашиот ID.4 комуницира визуелно и заедно со навигацискиот систем помага да стигнете до целта поопуштено. Автомобилот ве поздравува и ви интерпретира напомени од инфо-забавниот систем и од системите за помош како светлосни сигнали, кои поопуштено ве водат низ сообраќајот. Доколку ја користите гласовната контрола, преку ID.Light ќе добиете повратна порака на вашиот глас. А кога го напуштате вашиот ID.4, ID.Light ќе ве испрати со поздрав - со светлосни сигнали.

Гласовна контрола

Кажете му "Hello" на вашиот ID.4

Не дозволувајте повеќе да ви се одвлече вниманието на копчиња и прекинувачи. Задржете го погледот на патот и управувајте сосем едноставно преку интуитивната гласовна контрола, на пр. со радиото, навигацискиот систем или вашиот паметен телефон. Едноставно кажете "Hello ID." - и системот ќе ве разбере.

Keyless Access

Комфорно влегување

Благодарение на опционалниот "Keyless Access", ID.4 го препознава вашиот клуч за возилото во вашата чанта и се отклучува штом ја приближите вашата дланка до рачката на вратата. И благодарение на опционалниот "Easy Open & Close" систем, доволно е мало движење со стапалото под задниот дел на возилото и електричната задна врата од одделот за багаж ќе се отвори или затвори. Како што можете да забележите, многу нешта се поедноставуваат со иновативните технологии во вашиот ID.4.

Кука за влечење

Овозможена за вашата опрема

Дали за вашето хоби е потребна обемна опрема? Дали треба деловно да транспортирате поголема количина товар? Тоа воопшто не е проблем за ID.4: Опционалната кука за влечење е дизајнирана за товар до 750 kg (без сопирачки) односно 1000 kg (со сопирачки)4). Доколку моментално не ви е потребна куката за влечење, можете да ја склопите со неколку рачни зафати под браникот, така што повеќе нема да биде видлива.

Уште повеќе преку ID.4

ID.4 ги импресионира со неговиот интелигентен, моќен изглед. Возачот, совозачот и гледачите.

ID.4 Карактеристики

IQ.DRIVE

Назад кон прегледот

Конективност

Назад кон прегледот

Конективност

Infotainment

Грижа за клиенти Сервис за вашиот електричен автомобил

На оваа страница ќе најдете корисни информации околу темата одржување и сервис за вашето ID.4. Овде ќе дознаете повеќе на пр. За тоа кога мора да одите на сервис или прочитајте повеќе за опсегот на сервисирање.

Подготвени сте за електрична мобилност?

Преземање во Google Play Store

Преземање во App Store

Со нашата нова апликација Volkswagen EV Check можете да го анализирање начинот на возење и да дознаете, дали сте подготвени за електрична мобилност - и кое електрично возило од Volkswagen најдобро ви одговара.

Вашиот личен профил ви прикажува како би било, на пример да го возите новото ID.4, колку далеку можете да стигнете, колку ќе ве чини, каде се наоѓа најблиската станица за полнење и колку долго трае полнењето.

ID.4 можете да го откриете и со апликацијата преку Augmented Reality. Звучи како научна фантастика. Но веќе денес е реалност. Едноставно пробајте.

Неговите 5 ѕвезди ви даваат безбедност.

При Euro NCAP тестирањето се проверуваат нови возила на потешкиот начин: со тестови за судир, но исто така и многу други испитувања, кои ја проверуваат активната и пасивната безбедност. Тоа е утешително, затоа што ID.4 располага со 5 ѕвезди и со тоа со најголемата вредност.* Со тоа припаѓа кон најбезбедните автомобили на неговата класа.* Quelle: Euro NCAP, weitere Informationen http://www.euroncap.com

Hoppla!
Ihr Browser scheint nicht aktuell zu sein. Eventuell funktioniert unsere Webseite nicht optimal. Die meisten Browser (nicht jedoch MS Internet Explorer 11 & älter) funktionieren dennoch problemlos.

Wir empfehlen Ihnen ein Update Ihres Webbrowsers!
Die jeweils neueste Version kann überall im Internet ein gutes Erlebnis sicherstellen.

Danke für Ihren Besuch und viel Spaß,
Вашиот Volkswagen Team