Опционалните IQ.LIGHT - LED-Matrix фарови со динамично регулирање на долгото светло
"Dynamic Light Assist" го осветлуваат патот посилно и подалеку.
Притоа, благодарение на Matrix-технологијата, поединечни LED-сегменти можат целно
да се вклучуваат односно исклучуваат. Предност: При возење со долго светло, преку
камера може да се регистрираат возила кои доаѓаат од спротивната страна, како и
возилата пред Вас. Одредени LED сегменти се исклучуваат, така што постојано ќе
можете да возите со долго светло без да ги заслепите другите учесници во
сообраќајот.