Мени
Затвори мени
Затвори

Новиот Golf

Мобилната икона станува дигитална икона

Новиот Golf предводи. И притоа поставува нови стандарди во дигитализирањето на патот. Интелигентните системи за помош го прават секое возење покомфорно и поопуштено. Комбинирано со типичното Golf чувство.

Новиот Golf - една генерација покомфорен, поинтелигентен, повеќе мрежно поврзан.

Новиот Golf има многу врвни карактеристики. Претставуваме три од нив на прв поглед:

Innovision кокпит

Сè се приспособува на Вас

IQ.LIGHT

IQ.LIGHT. Светло со IQ.

IQ.DRIVE: Car2X

Може да препознае, што би можело да следи: Car2X

Сами создадете си слика од новиот Golf

Дигитален комфор

Innovision кокпит

Сè зависи од Вас

Вашиот Golf Ве препознава - и целосно автоматски и зависно од опремата активира Ваш личен профил на возач:* од поставување на седишта, до осветлување и пријатна клима. Вашите претпочитани поставувања можете удобно да ги извршите во опционалниот Innovision кокпит: Со инструменталната табла Digital Cockpit со големина од 25,4 cm (10 инчи) споена со навигацискиот систем "Discover Pro" со големина од 25,4 cm (10 инчи). Во Digital Cockpit покрај класичните содржини, како што се мерач на број на вртежи, тахометар и бројач на изминати километри, може да се прикажат и дополнителни корисни податоци. На пример, целата површина може да се прикаже како навигациска мапа.
Огромната површина на екранот на навигацискиот систем "Discover Media" или  "Discover Pro" се користи за приказ на многу функции во соодветна графика и анимации, слично како на Вашиот паметен телефон. Почетниот екран можете самостојно да го уредите со фотографии и претпочитани функции.

*По поставување на Вашиот Volkswagen ID и прва најава.

Дигитален кокпит

Футуристички кон иднината

Инструментната табла Дигитален кокпит сериски Ви ги прикажува содржините кои Ви се важни на дисплеј во боја со висока резолуција и големина од 25,4 cm (10 инчи): Индивидуално според Вашите преференции изберете ги на пр. класичните содржини како мерач на број на вртежи, тахометар и бројач на изминати километри, може да Ви се прикаже визуелниот приказ на Вашите системи за помош или пак одлучете се за комбинација од навигациска мапа и приказ на медиуми - сè во соодветни графики и анимации.

Говорно управување

Чека Ваша наредба: говорното управување

Со интиутивното опционално говорно управување по желба со помош на Вашиот глас можете да ракувате со радиото, телефонот, клима-уредот и навигацијата во Вашиот Golf. Со говорно внесување можно е да се избере правилната станица, соодветниот запис во адресарот или бараниот повикувачки број. А со онлајн говорното управување на We Connect Plus Вашиот Golf ќе Ве разбира уште подобро. На пример, изберете ја онлајн Вашата омилена музика или сосема интуитивно управувајте го внесувањето цел во Вашата навигација.

Head-up дисплеј

Вашиот поглед останува на патот

Имајте преглед врз најважните информации и истовремено гледајте го патот: Тоа е големата предност на опционалниот Head-up дисплеј во Вашиот  Golf. Ветробранското стакло се претвора во површина за проекција за да се прикаже брзина, пораки на системите за помош на возачот или навигациски напомени. Проекцијата добро се чита и при позадинско осветлување. А доколку дисплејот на Ви е потребен, можете во секое време да го исклучите.

Дизајн

Екстериер

Видливо динамичен. Впечатлив Golf.

Golf - со динамичен дизајн: Ниско спуштен преден дел на возилото со тесни LED-Matrix фарови во оптика 4-очи и ново обликувано Volkswagen лого. Сè е консеквентно хармонично и доследно координирано - како и што сме навикнати да го гледаме Golf. Во новиот заден дел доминираат исто така тесните задни светла, меѓу кои е поставено новото лого, како и натписот Golf. Цевките за издувни гасови децентно се повлекуваат под обликуваниот заден дифузер.

Дизајн на светло

LED во ново светло

Golf сериски се испорачува со LED предни фарови. Стилски динамично сместени во нискиот преден дел на возилото, странично до калниците. Исто така сериски: интегрираните фарови за магла. Друга типична карактеристика: маркантната оптика 4-очи. Сè е усогласено и во задниот дел: Тесните LED фарови доминираат со задниот дел на возилото. Опционално се добиваат: IQ.LIGHT - LED-Matrix фарови со динамично регулирање на долгото светло "Dynamic Light Assist", кое распределбата на светлото автоматски ја приспособува според градскиот сообраќај.

Ентериер

Дигитален внатрешен простор од соништата

Особено впечатливо: целосно дигиталниот кокпит на возачот со голем приказ на дисплејот, којшто се состои од инструментната табла Digital Cockpit со големина од 25,4 cm (10 инчи) и екран на допир на радиото "Composition Media" со големина од 20,9 cm (8,25 инчи)*. Благодарение на интуитивното ракување на допир се откриваат цела низа на прекинувачи, копчиња и регулатори. Амбиентно светло, опционално со до 30 различни нијанси на бои создава персонализирана светлосна атмосфера. Кај сите дигитални иновации, секако продолжува да постои типичното чувтсво за Golf.

*Опционално и со 25,4 cm (10 инчен) екран на допир кај "Ready 2 Discover" и "Discover Media". Со "Discover Pro" тој станува Innovision кокпит.

Амбиентно осветлување

Многу јасно: пријатни бои, поопуштено возење

Дадете му на Вашиот Golf повеќе личен карактер. Притоа осветлете го внатрешниот простор во 10 бои. По желба дури и со до 30 варијанти на бои. Било да е тоа посвежа или потопла клима на бои, во осветлената метропола или ноќе низ темниот регионален пат: На секое патување ќе ја постигнете соодветната атмосфера за Вас и за Вашите сопатници. 

IQ.DRIVE

Car2X

Може да препознае, што би можело да следи: Car2X

Возилата коишто меѓусебно комуницираат во патниот сообраќај, може да ги направат побезбедни улиците, да се погрижат за помал застој и да предупредат за локалните места на опасност. Сериското предупредување од опасност му помага на возачот со корисни информации, на пример да може да предупреди од градилишта или од специјални возила. Комуникацијата функционира со Car2X-технологија преку WLAN (pWLAN).
Опционалното автоматско регулирање на растојанието ACC со Car2X-функција му помага на возачот со многубројни корисни информации и може во итен случај активно да интервенира во ситуацијата. На пример при крајот на застојот. Со постојана размена на податоци преку WLAN (pWLAN).

Travel Assist

За Вас ја одржува коловозната лента. А останатите ги држи на растојание.

Со опционалниот "Travel Assist" имате исклучително корисен систем за помош при возењето во возилото. Бидејќи тој само со притиснување на копче се грижи за комфорот при возењето* на високо ниво, така што Ви помага во еднолични и заморни возни ситуации:

  • Особено на автопат и на добро изградени регионални патишта "Travel Assist" може за Вас да ги одржи коловозната лента и брзината и притоа да го земе предвид растојанието до сообраќајот пред Вас.
  • Заедно со менувачот со двојна спојка DSG ќе возите релаксирано низ застој и Stop-and-go сообраќај.


* во рамките на границите на системот и возачот мора да биде подготвен во секое време да го преземе управувањето со системот за помош и не е ослободен од одговорноста внимателно да го вози возилото.

ACC

Одржува растојание. И ограничување на брзината.

Опционалното автоматско регулирање на растојанието ACC Ви помага да ја одржувате максималната брзина* што претходно сте ја поставиле, како и растојанието од возилото пред Вас. Заедно со опционалниот систем за навигација, ACC се проширува со предвидливо регулирање на брзината и систем за помош при возење во кривини. Тој ќе Ви помогне да ги избегнете пречекорувањата на брзината, на тој начин што ќе се преземат официјалните ограничувања на брзината.** Освен тоа, врз основа на податоците за патеката од навигацијата,  системот ја прилагодува сопствената брзина кон кривините, крстосниците (вртењата) и кружните текови.**

* до 210 km/h
** во рамките на границите на системот

Уште повеќе за новиот Golf:

Новиот Golf одново обликува една цела нова генерација на возила. Со дигитални иновации, динамичен дизајн и впечатлив комфор при ракувањето.

Карактеристики

Конективност

Назад кон прегледот

Радио и навигација

Назад кон прегледот

Комфор

Назад кон прегледот
Hoppla!
Ihr Browser scheint nicht aktuell zu sein. Eventuell funktioniert unsere Webseite nicht optimal. Die meisten Browser (nicht jedoch MS Internet Explorer 11 & älter) funktionieren dennoch problemlos.

Wir empfehlen Ihnen ein Update Ihres Webbrowsers!
Die jeweils neueste Version kann überall im Internet ein gutes Erlebnis sicherstellen.

Danke für Ihren Besuch und viel Spaß,
Вашиот Volkswagen Team