Новиот Golf е Вашиот влез во дигиталните услуги и сервис на Volkswagen: Уште од
самиот почеток, по желба сте целосно мрежно поврзани и достапни Ви се многубројни
We Connect услуги. По еднократното активирање и најавување со Вашиот Volkswagen ID,
сосема едноставно и притоа бесплатно можете да ги користите иновативните онлајн
услуги.
We Connect1 го прави Вашето секојдневие не
само попријатно, туку и покомфорно. Тој Ви овозможува пристап до сите важни
информации за возилото и Ви нуди корисен комфор со повикот во случај на дефект, на
онлајн алармниот уред против кражба или на календарот за термини за сервис. Притоа,
Вашиот паметен телефон можете да го користите како мобилен клуч и со тоа да
го отворите и стартувате Вашиот Golf без да го барате клучот.2