Во новиот Golf имате избор од широка палета на мотори: TSI, TDl и TGI* мотори за
моќни перформанси со особено ниска потрошувачка. Агрегатите со нивната комбинација
од мала зафатнина, турбо полнење и директно вбризгување овозможуваат рамномерно
развивање на моќноста. Притоа, кај некои модели го имате и активното управување со
цилиндри. Тука цилиндрите автоматски се исклучуваат, штом е потребна помала
моќност. Бесшумноста при работењето останува константна.
Важна новина: e-TSI со Mild-Hybrid технологија. Стартерот на генераторот му
помага на моторот при поаѓање и при побавно движење. Се користи сопирањето и
тркалањето за да се наполни литиумско-јонската батерија. Тоа придонесува и за
значително намалување на потрошувачката и на емисиите.
* Се воведува подоцна.