Опционалниот дигитален кокпит особено јасно ви прикажува важни информации на голем дисплеј со висока резолуција од 26 cm (10,25 инчи). Дополнително на големата густина на пиксели, поинтензивните бои и осветлувањето и исто така големиот контраст, дава можност да се изберат различни погледи. На инструментната табла можете да изберете да прикажете избрани дополнителни информации за класичните содржини како мерач на бројот на вртежи, тахометар и бројач на изминати километри.
Можете да изберете што сакате да видите преку повеќефункцискиот управувач и Infotainment системот: зависно од вашите желби, можете да имате пристап до детални возни податоци, на пример навигациската мапа да ви се прикаже на целиот дисплеј или да ја погледнете визуелната репрезентација на вашите системи за помош на возачот. Исто така може да ви се прикажат информации за следење на песната која моментално се репродуцира на вашиот MP3 плеер или целосно да ви се прикаже контактот со кој разговарате на телефон. Или на пример можете да изберете комбинација од навигациска мапа и приказ на медиуми.
Можете да конфигурирате и зачувате до три погледи преку Infotainment системот и да ги изберете со притискање на копче на повеќефункцискиот управувач. Исто така достапен е класичниот профил. Овде повеќефункцискиот дисплеј како и вообичаено се прикажува меѓу брзината и брзината на моторот.