VW PASSAT: СИСТЕМ ЗА АВТОМАТСКО РЕГУЛИРАЊЕ НА РАСТОЈАНИЕТО ACC 

Во патниот сообраќај можете да бидете поопуштени, доколку одржувате доволно растојание од возилото пред Вас. Системот за автоматско регулирање на растојанието ACC (сериски од Highline) Ви помага во тоа. ACC ја мери оддалеченоста и брзината на возилата што возат пред Вас. Притоа, еден сензор ја регистрира областа пред возилото. Во колони или при застој, системот го запира Вашиот Volkswagen заедно со опционалниот менувач со двојна спојка DSG сè до состојба на мирување и за кусо време повторно автоматски тргнува. Системот може во рамките на своите граници да одржува растојание на Вашето возило од возилата пред него при брзина до 160 km/h.

Понекогаш се случува нешто непредвидливо, така што е неопходно вонредно сопирање. Во такви случаи може да Ви помогне и системот за набљудување на околината Front Assist со вклучена City-функција за вонредно сопирање. Доколку се препознае критична возна ситуација во рамките на системските граници, Front Assist го предупредува возачот акустично, како и оптички и подготвува вонредно сопирање.

Доколку со сопирањето не може да се ублажи ситуацијата, системот автоматски воведува процес на сопирање, којшто во даден случај ја намалува брзината на судирот. Исто така, и за време на фактичкото сопирање, Front Assist му помага на возачот и се грижи - доколку е потребно - да се искористи максималната сила при сопирање.

City-функцијата за вонредно сопирање е системско проширување на Front Assist. При брзина од 5 до 30 km/h таа може да реагира со вонредно сопирање во последен момент пред незгодата.

 

Noch mehr Infos zum Front Assist finden Sie hier

Close