Влезете и веднаш почувствувајте ја атмосферата која вообичаено би ја поврзале со моделите од високата класа. Просторот кој го нуди новиот Mistral создава сензација на слобода: внатрешноста е визуелно издолжена и затоа изгледа богато и пространо, благодарение на хоризонталните украсни лајсни на контролната табла и праговите на вратите. Висококвалитетните материјали и јасноста на дизајнот кои се олицетворение на врвниот карактер на внатрешниот простор ќе ве воодушеват исто како и големиот простор за нозете.
Средишната конзола со големиот простор за сместување багаж, елегантната контролна табла и висококвалитетните украсни лајсни совршено комбинираат префинетост и функционален ред. Седнете во вашиот Mistral и најверојатно нема да сакате да се симнете. Седиштата со потпирачи за глава кои индивидуално се поставуваат ги исполнуваат највисоките барања во поглед на дизајнот и удобноста.