Целосно погоден за секојдневна употреба.
Флексибилен и компактен. Во комбинација со неговиот кросовер дизајн и функционалност, T-Cross e соодветен за секојдневна употреба.
T-Cross е модерен авантурист и уметник кој брзо се менува и ги реинтерпретира знаците на времето.
Видео интервјуа: разнолико и сестрано.
Кара Делавин е сестрана. Исто како и новиот T-Cross, таа секој ден изненадува со нешто ново. Кара и новиот T-Cross. Двајца, коишто всушност се како еден: #MoreThan1Thing
„Во модата, мора да бидеш смел. Нема правила.“
Видео интервјуто покажува што мисли Кара за модата, границите и фиоките.
„Да застанеш на првиот бран е како да леташ.“
Кара е страстен сурфер. Во интервјуто ќе дознаете како таа се чувствува и што за неа значи сурфањето.
„Ритамот значи живот.“
Колку и да е Кара зафатена, таа секогаш наоѓа време за тапани. Во интервјуто, таа раскажува за нејзината страст.
„Кога владеат хаосот и стресот, јас сум најсмирена.“
Тука ќе дознаете што мисли Кара за нејзината работа како режисер и како се справува со предизвиците на сетот.
„Секоја улога е добра ако има грешки.“
Актерството за Кара е повеќе од само играње различни улоги. Во интервјуто, таа раскажува како таа притоа учи и повеќе за себе.
„Добро е кога ќе се испотиш.“
Кара сака движење. Што точно и се допаѓа од тоа и колку често спортува, таа раскажува тука во интервјуто.
„Јас се заљубив во фотографијата.“
Во интервјуто ќе дознаете што ја поттикнало Кара да се заљуби во фотографијата и од кои причини ги прави повеќето фотографии.
Врвните карактеристики на новиот T-Cross од различни агли.
Толку посебно може да биде секојдневието.
Полн таленти: новиот T-Cross е функционален и сестран. Со неговиот Crossover дизајн, можностите за нагодување и високиот степен на практичност, тој претставува совршена комбинација од варијабилност и компактност. Накратко: тој треба да се има за скоро секоја авантура.
Силен настап со компактен Crossover дизајн.
Екстериер
Новиот T-Cross ги поврзува урбаноста и функционалниот дизајн: долгата хауба и широката решетка на ладилникот му даваат маркантен изглед. Со неговата концизна каросерија, ова возило за секоја пригода има одлична фигура: во градот, во секојдневието и на отворен терен.
Индивидуално според Ваш вкус.
Ентериер
Во врвните карактеристики во внатрешниот простор спаѓаат амбиенталното осветлување, висококвалитетните седишта од текстилен материјал, како и опционално достапните дизајнерски пакети во три различни изведби. Опремата во внатрешниот простор нуди не само висок степен на комфор, туку остава можност и за индивидуално нагодување.
Јасни аргументи. Уште на прв поглед.
Светла
Новиот T-Cross зрачи од сите страни: со сериското LED светло за дневно возење и халогенските фарови, овој City-SUV се прикажува во совршено светло. Покрај тоа, линијата на опрема Style е опремена и со LED фарови.
Се движат за Вас: програмата на тркала на T-Cross.
Тркала
Со кои тркала најмногу ќе сјае Вашиот T-Cross, зависи целосно од Вас. Бидејќи со обемната програма на тркала* имате огромен избор: тркалата од лесен метал со 16 до 18 инчи на Вашиот T-Cross му даваат една сосема лична нота, како на пр. тркалата од лесен метал од 18 инчи "Nevada"** во црна боја, со сјајна површина.
Опционални T-Cross R-Line опреми.
Потенцирајте го спортско-експресивниот изглед на Вашиот T-Cross: со опционалните R-Line опреми, на надворешноста и давате поголема моќ за експресија, а на внатрешноста стилски амбиент.
Ја покажува неговата спортско-експресивна страна - T-Cross.
Со опционалниот пакет R-Line "Екстериер и ентериер", на Вашиот T-Cross му давате повеќе самодоверба и динамика: елементите во типичниот R-Line изглед го потенцираат неговиот спортски карактер, а опремата во внатрешноста нуди стилски детали за хармоничен изглед.
Сјае со маркантните спортски карактеристики: опционалниот пакет R-Line Екстериер.
Опремата R-Line "Екстериер" на Вашиот T-Cross одушевува со спортски-динамичните дизајнерски елементи како заштитната решетка на ладилникот типична за R-Line и браниците напред и одзади специфични за R-Line.
Препознава бои.
Новиот T-Cross е толку сестран како никој друг: Со опционалните дизајнерски пакети "Црна", "Energetic портокалова" и "Bambus Garden зелена" од линијата на опрема Life, ќе му дадете уникатен изглед и од него ќе направите вистинска икона на стилот.
Оформете го ентериерот целосно според Ваш вкус.
Опционалниот дизајнерски пакет "Energetic портокалова" дефинитивно ги привлекува сите погледи. Со успешната мешавина на бои на декоративниот дизајн во Energetic портокалова и сива, влегувате во модерниот свет на боите и од Вашиот T-Cross ќе направите вистински трендсетер.
Вие го одредувате индивидуалниот изглед на Вашиот ентериер.
Сакате едноставни бои и спортски стил? Тогаш, опционалниот дизајнерски пакет "Црна" е совршен за Вас: со акценти во ентериерот, како декорациите во сива и црна боја со висок сјај, секое патување во Вашиот T-Cross остава впечаток.
Ентериер што е целосно според Ваш вкус? Нема на што.
Вистинската мешавина од бои ја прави целата разлика: по Ваша желба, дајте му на ентериерот на Вашиот T-Cross акценти во боја. Со средишни и внатрешни делови на седиштата во тиркиз, портокалова и Platinum сива, како и висококвалитетен декор во црна и сива боја, ќе направите внатрешниот простор да ги привлекува сите погледи.
Одличен за оние што си тераат по свое.
Нагодете го новиот T-Cross целосно според Вашите лични замисли и изберете помеѓу линиите опрема T-Cross, Life и Style. Како и да се одлучите, варијантите опрема ќе ги задоволат Вашите барања за квалитет и комфор.
Комфор, што може да се види и почувствува.
Новиот T-Cross во линијата на опрема Style нуди висок степен на комфор и многу сериски функции, како на пр. LED фаровите, помошта при паркирање, спортските комфорни седишта и маркантните тркала од лесен метал од 17 инчи.
Влезете и чувствувајте се одлично.
Во линијата на опрема Life, веднаш ќе се почувствувате добро: врвните карактеристики како клима-уредот, широкиот под во багажниот простор, повеќефункцискиот управувач и повеќефункцискиот индикатор „Plus“, секое возење ќе го претворат во пријатно доживување.
Воодушевува вонсериски.
Веќе со основната линија на опрема T-Cross, добивате високо ниво на квалитет: многу карактеристики на опремата, како варијабилната клупа со задни седишта, сериското радио "Composition Colour", системот за помош при одржување на коловозната лента "Lane Assist" и системот за итни повици eCall придонесуваат за Вашиот комфор и за Вашата безбедност.
Спонтаноста секогаш се претвора во добар план.
Дали сте и Вие спонтани? Тогаш за Вас, новиот T-Cross е идеалниот сопатник. Благодарение на потпирачот на совозачкото седиште што може да се склопи и клупата со задни седишта што може да се помести, тој е простран и флексибилно се приспособува на Вашите желби. Вашиот дигитален кокпит: иновативниот, модерен Active Info дисплеј, што го добивате по желба. Тој Ви ги покажува податоците за возењето и оптички ги прикажува системите за помош на возачот.
Бидете флексибилни додека сте на пат.
T-Cross покажува голема способност за менување на формата - благодарение на задната клупа со задни седишта што се поместува и дели, како и поголемиот простор за нозете. Тоа конкретно значи: повеќе место за Вас и Вашите сопатници, поголем простор за сместување за сите.
Комфор, каков што Вие го сакате.
Едноставно не станувајте: опционалниот потпирач за лумбалниот дел од рбетниот столб го штити Вашиот грб токму на подолгите патувања. А слопливиот потпирач на совозачкото седиште на Вашиот T-Cross е многу практичен: тој нуди корисен простор за сместување за багаж и кеси со намирници.
Повеќе простор за Вашата флексибилност.
Сакате повеќе слободен простор? Можете да го имате: T-Cross со својот сестран внатрешен простор и големиот волумен на багажниот простор нуди многу простор за патниците, багажот и спонтано направените планови.
Гледајте ги токму оние информации што сакате да ги видите.
Аналогното е дел од минатото. По желба, заменете ги класичните кружни инструменти со дисплеј со висока резолуција. Иновативниот, модерен Active Info дисплеј може да Ви даде информации што опфаќаат многу повеќе од брзината и индикаторот за точење гориво.
Висока резолуција за сите Ваши емоции.
Без разлика дали при возењето Ви требаат актуелни информации за сообраќајот, сакате да ја достигнете Вашата цел преку навигација или едноставно сакате само да ја слушате Вашата музика - Вашиот T-Cross нуди разни можности за удобно и едноставно да ја користите модерната технологија.
Забава и навигација на високо ниво.
Радио
Сметате дека радиото и сигурната навигација се нешто без коишто не се може? Имате право. Радио уредите и навигациските системи во T-Cross ќе Ве размазат додека патувате со екран на допир во боја, до шест звучника и многу можности за приклучок. Навигацискиот систем "Discover Media" одушевува со неговиот дисплеј од 20,3 cm (8 инчи) и интуитивната навигација - коишто може да ги дополните со корисните онлајн услуги на Car-Net со информации во реално време.
Со поврзува со сето она што Вам Ви е важно.
Connectivity
Со Вашиот паметен телефон сте скоро секогаш онлајн. Зошто да не е така и во Вашиот T-Cross? Car-Net "Guide & Inform" го прави Вашето секојдневие малку поедноставно и релаксирано ќе Ве доведе до целта. За кратко време, нема да сакате да возите без корисните информации во реално време и практичните функции. А со Volkswagen Connect App во секое време пред себе ги имате сите важни информации за Вашиот T-Cross.
Ви ја олеснува комуникацијата.
Телефонија
Повеќе сила за мобилниот телефон, таблетот и MP3-плеерот. Приклучете ги Вашите уреди комфорно преку интегрираниот USB-интерфејс. Мобилните телефони со Qi стандард можете удобно и да ги полните: за таа цел, едноставно ставете го Вашиот мобилен телефон на предната преграда - преку индукциско полнење тој веднаш ќе се наполни.
Во музичкиот рај: со Beats и Apple Music.
Музика
Уживајте во Вашата омилена музика со Apple Music во новиот T-Cross: за таа цел имате избор од повеќе од 50 милиони песни! Apple Music го добивате до 6 месеци бесплатно* - офлајн и онлајн. И тоа во комбинација со моќниот "beats" музички систем. Прашањето со совршениот звук е значи решено.
Излегува од редот, но не и од лентата.
Системите за помош на возачот во Вашиот T-Cross придонесуваат за поголем комфор при возењето и притоа може да Ви помогнат да се справите со критичните ситуации или дури и целосно да ги избегнете. И покрај тоа што Вие оваа технологија нема ни да ја забележите, добро е чувството кога знаете дека таа е таму.