Новиот Passat

Новиот Passat. Подобрете го квалитетот на вашиот живот.

Стартувај видео

Високото ниво на комфор го подобрува квалитетот на животот. Дали сте од оние зафатени луѓе кои често се на деловни патувања или кои се одговорни за организирањето на секојдневниот семеен живот? Во тој случај, за вас важно е да имате возило од доверба. Новиот Passat е тоа и многу повеќе: затоа што неговата работа е да ја олесни вашата работа. Благодарение на интуитивните функции, секое патување се претвора во искуство кое може да се ужива со високо ниво на комфор.

Дизајн Експресивниот дизајн на новиот Passat блеска со елегантна јасност и самодоверба. Неговите динамични пропорции создаваат возбудливо исчекување на моќта под неговиот капак од просторот на моторот.

Надворешност
Внатрешност
Амбиентално осветлување

Надворешност

Елеганција и динамика - веднаш кон поентата.

Успешна комбинација од спортски ноти и хармонични контури: динамичниот дизајн со експресивни светлосни единици на новиот Passat му дава сигурен и самоуверен изглед.

Внатрешност

Напреден концепт на простор.

Опремата во внатрешноста не само што обезбедува комфор на високо ниво, туку исто така создава и пријатно чувство на простор. Врвните карактеристики вклучуваат висококвалитетни седишта и украсни лајсни.

Амбиентално осветлување 

Создадете индивидуални светлосни акценти.

Опционалното aмбиентално осветлување со приспособување на интензитетот нуди импресивно и уникатно чувство на простор.

Комфор Passat импресионира на многу начини – со удобни функции кои придонесуваат за вашата благосостојба на долги, како и на кратки патувања.

Дигитален кокпит

Висока резолуција и интерактивност.

Аналогното е дел од минатото. Класичните кружни инструменти можете да ги замените со дисплеј со висока резолуција. Иновативниот дигитален кокпит може да ви обезбеди информации кои се далеку поопширни од брзината и нивото на гориво.

Easy Open

Лесен начин да го отворите багажниот простор.

Само замислете дека вашата релаксација започнува дури и пред да тргнете. Функцијата "Easy Open" ви овозможува да ја отворите електрично регулираната врата од багажниот простор само со мало движење.

IQ. DRIVE Во Volkswagen, IQ.DRIVE важи за сите интелигентни системи за помош на возачот. За сите оние системи кои веќе постојат во нашата компанија денес, за оние кои ги создаваме за утре и за оние за кои истражуваме за во иднина. IQ.DRIVE е синоним со сите иновативни идеи со јасен фокус: вашата удобност и безбедност.

Систем за помош во возење
Паркирање
Електромеханичка серво сопирачка
Систем за надзор на околината Front Assist со надзор на пешаци
Проактивен систем за заштита на патници

Систем за помош во возење

Уживајте во комфор со притискање на копче.

Замислете дека системите за помош на вашиот Passat делумно го преземаат возењето. Тоа значи дека вашето патување денес е веќе поудобно и опуштено со опционалниот систем за помош во возењето.

Паркирање   

Паркирањето никогаш не било полесно.

Самостојното паркирање за вас е дел од минатото. Со системот за контрола на растојание при паркирање, стандардно достапен од линијата на опрема Comfortline и со опционално достапниот систем за помош при паркирање можете да си заштедите многу труд кога паркирате и маневрирате1, додека истовремено ја задржувате контролата врз вашето возило во секое време.

1 Во рамките на границите на системот.

Електромеханичка серво сопирачка

Оптимизирана за кратки растојанија на сопирање.

Растојанието на сопирање на вашиот Passat може да се намали со стандардната електромеханичка серво сопирачка и во комбинација со системот за надзор на околината Front Assist со надзор на пешаци.1. Тоа може на пример да го намали ризикот од незгоди со пешаци.

1 Во рамките на границите на системот.

Систем за надзор на околината Front Assist со препознавање на пешаци

Сè на радар.

Системот може да препознае пешаци на патот и навремено да ве предупреди. Доколку не реагирате, тој може автоматски да сопре. Во идеален случај и во границите на системот, тоа значи дека може да се избегнат незгоди со пешаци.

Проактивен систем за заштита на патници 

Заштита од сите страни.

Проактивниот систем за заштита на патници ве штити во критични ситуации, како непосредни судири, во рамките на границите на системот.

Инфозабавен систем Во вашиот нов Passat вие и вашите патници ќе имате добра забава и поврзаност. Уживајте во извонредниот звук, интуитивната навигација и комфорот на системот за говорно користење кој ги слуша вашите наредби.

Стриминг на медиуми
Гласовна контрола
Радио Composition
Навигација

Стриминг на медиуми

Непрекинат пристап до услугите за стриминг.

Кога го возите вашиот нов Passat, сè уште можете да имате пристап до вашите омилени услуги: избраните услуги за стриминг како Apple Music се достапни преку Infotainment системот на вашиот Passat.

Гласовна контрола

На повик: препознавање на говор.

Зборувајте со системот за гласовна контрола без да го тргнете погледот од патот. Без разлика дали користите гласовна контрола за да ја изберете вашата омилена музика или да ја планирате вашата рута - системот препознавање на говор, кој е стандардна карактеристика на вашиот Infotainment систем, секогаш ви стои на располагање.

Радио Composition

Забавувајте се.

Во вашиот Passat, вие избирате што сакате да слушате: радиото Composition, кое е дел од стандардната опрема, досадата ја прави невозможна.

Навигација

Бидете во тек со добрата забава.

Опционално достапниот навигациски систем Discover Pro ви помага безбедно да стигнете до вашата дестинација. Импресионира со разновидните функции на Infotainment и посебните комфорни врвни карактеристики, како пакетот Streaming & Internet или We Connect Plus.

Поврзете се со светот. Во Passat сте поврзани онлајн. И на ист начин како што сте навикнати во секојдневниот живот – секогаш и секаде, со пријатели, семејство и деловни соработници. Трајно инсталираната eSIM картичка ви овозможува директен пристап до мобилните онлајн услуги и другите услуги за возилото од We Connect. Тоа е непрекинато и стандардно. На тој начин ќе бидете информирани и добро ќе се забавувате додека патувате.

Апликации и услуги за автомобилот

Мобилност – повторно создадена.

Понекогаш животот го олеснуваат малите работи. Апликациите за користење во возилото можете да ги преземете од Volkswagen директно на вашиот Infotainment систем. Заедно со We Connect и We Connect Plus1, животот со вашиот Passat го прават толку удобен, што нема да сакате да бидете без нив. Вашиот живот ќе стане посмирен и поатрактивен со апликациите како We Park и We Experience и услугата We Deliver. Кога ќе ги пробате?

1За да ги користи услугите We Connect, на клиентот му е потребна Volkswagen ID корисничка сметка и мора да се најави во We Connect со неговото корисничко име и лозинка. Дополнително на тоа, со Volkswagen AG треба да се склучи посебен онлајн договор за We Connect или We Connect Plus. За We Connect Plus, клиентот мора да го регистрира возилото на www.portal.volkswagen-we.com во рок од 90 дена по предавање на возилото за да ги користи услугите во целосното времетраење на договорниот бесплатен период.

 

Мобилен клуч

Вашиот Passat споделете го со другите.

Практично и паметно: доколку сакате, вашиот Passat можете удобно и брзо да го отворите и стартувате користејќи го вашиот паметен телефон1 како клуч. Исто така можете мобилните клучеви да ги испратите до вашите пријатели и членови на семејството, така што и тие ќе може да го користат вашето возило.

1 Достапно само за Samsung паметни телефони со GSMA стандард. Опционално достапниот навигациски систем Discover Pro е предуслов за ова.